Време е за малку креативност. Со ваков слаткарски спектакл никого нема да оставите равнодушен, а доколку сте вешти во кујната, ви предлагаме да се фтите за работа. За оваа вкусна чоколадна топка ќе ви биде потребно:
1 шолја сецкано чоколадо
Карамел сос
Сладолед од ванила
Неколку сецкани јаготки
Ореви, лешници
Стопете го чоколадото на пареа. Најдобро би било да користите термометар за да ја следите температурата (околу37, 38 степени). Откако ќе ја стопите, додадете уште малку чоколадо за да ја намалите температурата. Промешајте и сипете ја во пластична топка која ќе ја користите како калап. Оставете во ладилник на 30 минути за чоколадото да се стегне.
Поместувајте ја топката на две до три минути за чоколадото да се олади еднакво на сите места. Кога сосема ќе се олади, тргнете го калапот. Ставете ја топката на стаклена чинија и благо притиснете за дното да се загрее и стопи.
Ставете на чинијата топка сладолед од ванила, малку јагоди и ореви, а потоа поклопете со чоколадната топка. Загрејте го карамелот и сипете го врз топката. И уживајте во магијата која настанува пред вас.
За оваа вкусна чоколадна топка ќе ви биде потребно:
1 шолја сецкано чоколадо
Карамел сос
Сладолед од ванил