Ставрески: Ако немаше политичка криза, економскиот раст ќе достигнеше до 5%

Политичката криза мора да има завршница, бидејќи во спротивно, и најјаката економија на светот не би можела да издржи долгогодишна криза. Вистинска штета е што добро поставените економски политики не можат да резултираат со економскиот раст кој Македонија има потенцијал да го оствари. Македонската економија во моментов има потенцијал да расте со стапка од 4 до 5 проценти, вели министерот за финансии, Зоран Ставрески во разговор за ТВ Нова.-Во нормални политички околности, со нормален политички амбиент, без политичка криза, Македонија во моментов има потенцијал да расте меѓу 4 и 5 проценти, и тоа во период кога останатите земји растат околу 1 процент, а некаде во Европа и под 1 процент. Република Македонија покажа дека може да остварува резултати, и тоа во услови кога во останатите земји се намалуваше стапката на раст, беше негативна или ниска, Македонија остваруваше стапка на раст од 3 до 3,5 проценти. Кога во другите земји се зголемуваше невработеноста, во Република Македонија таа се намали. Извозот растеше и сѐ уште расте и добро е тоа што странските компании ја разбираат оваа ситуација, изјави министерот Ставрески.
Македонија дефинитивно има потенцијал за економски раст кој е највисок во регионот. Според проценките на меѓународните финансиски институции тој раст ќе се движи помеѓу 4% во 2016-17 година, а во 2018-та може да биде уште повисок.
Ако економските политики во континуитет се применуваат, сето ова ќе помогнеше да се намали невработеноста на околу 22%, како што и беше планирано. Ние имаме сила за тоа, имаме и проекти кои помогнаа во таа насока, како што беше и Македонија вработува, вели Ставрески. Според него, овој добар тренд не смее да прекине и не смее да се дозволи политичкиот амбиент да го наруши до таа мера да Македонија го изгуби имиџот на земја со добар бизнис- амбиент. Потенцира- како и сѐ во животот, ако еднаш се изгуби тој имиџ, тешко потоа може да се врати, така и ако се разочараат странските инвеститори од политичкиот амбиент, тешко ќе може после да се вратат во земјава.
Компаниите, исто како и граѓаните со загриженост гледаат на последните случувања на политичката сцена. Според министерот за финансии, домашните компании изминатиов период покажаа дека можат да се прилагодат на латентните состојби кои се случуваат на политички план, не само во земјава, туку и во регионот. Но, малите фирми се оние кои најмногу страдаат, бидејќи секогаш потешко стигнуваат до финансиски средства, дури и во нормални услови. Затоа е штета што добро поставените економски политики не можат целосно да резултираат со економскиот раст што Македонија има потенцијал да го оствари.
Одлично поставените економски политики даваат позитивни резултати
Добриот економски амбиент кој Владата го креираше долги години придонесе Македонија добро да ја помине кризата во 2015 година и покрај нејзината жестокост, изјави за ТВ Нова министерот за финансии Зоран Ставрески.
-Работите беа добро поставени, и токму затоа и покрај жестокоста на политичката криза 2015-та добро ја поминавме, како и влезот во 2016-та. Но, треба да ги раздвоиме фактите и очекувањата. Фактите се дека политичката криза почна во 2015 година, меѓутоа можеби и претходно и во претходните години имаше латентна криза. Македонската економија добро ја издржа со растот што го остваривме од 3,7%, највисокиот во регионот. Се покажа дека фундаментите на македонската економија се добро поставени, главните економски политики се во корист на приватниот сектор. Тоа се одржувањето на добар бизнис амбиент, меѓу најдобрите во светот, ниските даноци, високите износи на капитални инвестиции, поддршката преку кредитни средства, координираноста меѓу монетарната и фискалната политика и мерки како што се проектот Македонија вработува и слични што им помогнаа на домашните фирми или пак привлекувањето на странските инвестиции, како посебна политика која донесе голем број на странски инвеститори, изјави Ставрески.
Тој појасни дека, во првите два месеци во 2016-та индустриското производство оствари просечен раст од над 11%, во февруари тој бил 15%, највисок во последните години.
Извозот расте со стапка 7% и други добри параметри во делот на трговијата, во делот на градежништвото и слично. Невработеноста да не ја заборавиме, како резултат на сите овие мерки е намалена од 38% на 24,6%. Сето тоа зборува дека општите економски политики се добро поставени и приватниот сектор, на база на тие економски политики остваруваше добри економски резултати, но исто така тоа се факти. Меѓутоа ако зборуваме за тоа што може да се случи од сега натака, несомнено дека не постои економија која може да издржи долгогодишна политичка криза, посебно жестока политичка криза и дека политичката криза врши силен притисок врз економијата, вели Ставрески.
Вратите на меѓународните финансиски институции не се затворени за Македонија
Вратите на меѓународните финансиски институции за Македонија не се затворени, иако некои медиуми тоа го тврдат, нагласува Ставрески во разговорот за ТВ Нова.
Македонија има добри односи со сите меѓународни финансиски институции, како со Светска банка, така и со Европската банка за обнова и развој, ММФ и Европската инвестициска банка.
-Сите врати за финансирање на добри проекти ни се отворени и немаме информација дека има била какви резерви од нивна страна во поглед на финансирањето на инвестициските потреби на Македонија, уверува Ставрески.
Според него политичката криза која веќе долго време ја држи земјата во заложништво, очигледно е пропратена со пропагандна војна во која што се шират различни нецелосни информации и дезинформации.
-Таква беше и информацијата што пред некој ден излезе во јавноста, а се однесува на средствата што Светска банка ни ги одобри во јануари годинава. Вистината дека бордот на Светска банка на почетокот на јануари го одобри кредитот за поддршка на општините за Македонија во износ од 28 милиони американски долари. Во тој период изборите беа планирани за 24- ти април, а бидејќи 60 дена пред тоа настапува период на техничка влада, односно се распишуваат изборите, со Светската банка беше договорено, кредитот да стане ефективен веднаш по изборите. Истото го прави Светската банка и со други земји во слични ситуација, објаснува Ставрески.
Оваа информација била позната уште во јануари, и во некои медиуми беше објавена, а сега, со цел да се потенцира тоа дека наводно на земјата и се ограничуваат финансиските средства, се рециклира и добива поинаква димензија.
-Првите информации што излегоа на некои медиуми беа дека Светска банка го прекинува финансирањето на Македонија. Ова не е точно. Таа веќе го одобри кредитот кој требаше да биде ефективен по изборите. Потоа, ние ги одложивме изборите, а тоа е наш внатрешен проблем, од политички причини тие се одложија од април за јуни. Не се прекинати целокупните финансирања на Светска банка и ММФ, појаснува Ставрески.
Избори за враќање на стабилноста на економијата
Значајно е политичката криза да заврши, да има епилог, преку дијалог да се дојде до завршување на кризата со изборите што се предвидени на 5-ти јуни, смета министерот за финансии Ставрески.
Мора да се дојде до извесна стабилна состојба која ќе им овозможи на компаниите предвидливост за следните 4 години, да се знае какви ќе бидат политиките во следните 4 години, какви даноци ќе има, каков бизнис амбиент ќе има и сѐ друго што им е потребно за да можат да почнат да планираат. Да ги планираат инвестициите одлуки и одлуките за вработување. Мора кризата да има завршница, во спротивно и најјаката економија не може да издржи долгогодишна криза, смета Ставрески.-Во нормални политички околности, со нормален политички амбиент, без политичка криза, Македонија во моментов има потенцијал да расте меѓу 4 и 5 про

Пронајдете не на следниве мрежи: