Повеќе од 150.000 нови работни места со кои Македонија дојде на рекордно ниско ниво на невработеност од 24,5%; Воведувањето на најнискиот рамен данок во Европа и значителното подобрување на бизнис климата во Македонија; Високиот раст на економскиот извоз и десетиците странски инвеститори кои пристигнаа во Македонија – ова се само дел од позитивните резултати од економијата за кои заслужен во огромна мера е токму ангажманот на досегашниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески, кој го предводеше креирањето на здравите макроекономски и финансиски политики во земјата.Благодарение на работата на Ставрески и економскиот тим, Македонија е 4-та најниско задолжена земја во Европа според ЕУРОСТАТ, и тоа во време кога се уште се отплаќаат повеќе од 40 кредити земени во времето на СДСМ. Паралелно со ова, во земјата се вложуваат стотици милиони евра во обновување и изградба на нова инфраструктура, земјоделието, здравството, образованието и другите сфери.
Македонија се најде и на високото 12-то место во целиот свет и на највисокото место во регионот според извештајот Дуинг Бизнис на Светската банка во кое се мерат олеснувањата за водење бизнис во економиит. Дуинг Бизнис опфаќа рангирање на вкупно 189 економии од целиот свет.
Рекордно ниското ниво на невработеноста е можеби највпечатливиот позитивен резултат на работата на Ставрески и економскиот тим: истата е намалена од 38% во време на СДСМ на историски 24,5% во првиот квартал на 2016 година.
Забележително е и покачувањето на просечната нето плата во Македонија – во декември 2015 година просечната нето-плата изнесува 22.715 денари што е зголемување за 67% во споредба со септември 2006 година кога изнесуваше 13.603 денари
Исто така, за првпат во Македонија со закон се утврди висината на минимална плата. Во март 2014 година, минималната плата се зголеми од 8.050 на 8.800 денари, од март 2015 минималната плата изнесуваше 9.590 денари, а од јануари 2016 година минималната плата изнесува 10.080 денари.
Странските директни инвестиции во земјата кумулативно, за периодот 2007-2015 година, достигнаа 2.281 милиони евра и се повисоки за 1.498 милиони евра во однос на периодот 2003–2006.
Во 2014 година СДИ изнесуваат 205,1 милиони евра, а во 2015 година изнесуваат 157 милиони евра. Значајно е што СДИ во Македонија се насочени во гринфилд-инвестиции и се инвестира во изградба на нови фабрики и капацитети кои креираат работни места и извоз.Успехот на Ставрески и економскиот тим е дотолку поголем што сите овие резултати се постигнати во време кога во светот царуваше големата економска криза, во Европа беснееше должничката криза, а на домашната сцена повеќе од две години на сила е политичката криза креирана од СДСМ која директно влијае и врз економијата и нејзиниот раст.
Еве уште дел од резултатите на најдобриот економски тим кој досега го имала Македонија:
Платите на вработените во јавниот сектор се зголемија за 4%, почнувајќи со исплатата на октомвриската плата во 2014 година. Претходно во периодот пред кризата (2007-2008) платите во јавниот сектор се зголемија за 25%.
Дојде и до зголемување на пензиите за 5% почнувајќи со исплатата на септемвриската пензија во 2015 година, при што сите пензии линеарно се зголемија за 621 денар. Претходно со зголемувањето од 5% од март 2014 година (кога сите пензии се зголемија за 600 денари) и со претходните зголемувања, просечната пензија исплатена во септември 2015 година во износ од 13.077 денари е зголемена за 70,1%, споредено со пензијата исплатена во септември 2006 година од 7.688 денари. Најниските пензии во споредба со 2006 година се зголемија за повеќе од 90%.
Во Буџетот за 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за 5% (650 денари), кое околу 300.000 пензионери ќе го добијат почнувајќи од септемвриската пензија со исплата во октомври 2016 година, што е значителна поддршка за животниот стандард на највозрасните категории граѓани.
За 10% е зголемена социјалната парична помош и постојаната парична помош, почнувајќи со исплатата на овие права за јуни 2015 година. Со ова зголемување и претходно со зголемувањето од март 2014 година од 5%, правото на социјална парична помош во просек од 2006 до 2015 година е зголемено за 61,8%, а правото на постојана парична помош е зголемено за 60,5%. Во Буџетот за 2016 година е предвидено ново зголемување на социјалната помош за 5% кое корисниците ќе го добијат почнувајќи од јуни, со исплата во јули 2016 година.
Извозот на стоки во 2014 година забележа висок раст од 15,9% и достигна 3.723 милиони евра што е за 94% повеќе споредено со 2006 година кога извозот изнесуваше 1.918 милиони евра. Ова во голема мерка се должи на извозот од ТИРЗ кој достигна скоро 1,2 милијарди евра (1.170 милиони евра) во 2014 година, што претставува раст од 52,6% споредено со истиот период од 2013 година и сочинува над 31,4% од вкупниот извоз.
Во 2015 година извозот достигна рекордно ниво од 4.051 милиони евра, што е најдобро остварување од осамостојувањето на Република Македонија. Во однос на 2014 година извозот забележа раст од 8,8%, што придонесе трговскиот дефицит да се намали за 2,1%. Извозот од ТИРЗ во 2015 година достигна скоро 1,5 милијарди евра (1.472 милиониевра), што претставува раст од 25,9% споредено со 2014 година и сочинува 36% од вкупниот извоз. Уште позначајно е што постепено се менува структурата на извозот и Македонија сѐ повеќе извезува производи со поголема додадена вредност.
Во периодот од 2009 до 2015 за време на кризниот период кога имаше најголеми последици од светската и европската криза, овозможено е ослободување на фирмите од обврската за плаќање данок на нераспределената добивка, со што се подобри нивната ликвидност и работење, а заштедите кои се остварија се проценети на 80-100 милиони евра на годишно ниво;
Капиталните инвестиции во периодот 2007-2015 забележаа висок раст и изнесуваа 173,8 милијарди денари, што е значително повеќе споредено со 31,8 милијарди денари во периодот 2003-2006 година. Само во 2015 капиталните инвестиции изнесуваа скоро 27,1 милијарди денари, што е три пати повеќе во односна 2006 година кога изнесуваа 9,7 милијарди денари.
Бруто Домашниот Производ по жител како основен индикатор за степенот на развој на економијата се зголеми од 2.471 евра во 2005 година на 4.392 евра во 2015 година што e пораст за 78%.
Во периодот 2007-2015 година просечната стапка на раст на БДП изнесува 3,0%, што е четврто најдобро остварување споредено со земјите-членки на ЕУ и земјите од регионот. Само Полска, Словачка и Турција имаат подобар просечен раст за овој период. Овие остварувања се постигнати во услови кога просечниот раст во ЕУ, како наш најзначаен трговски партнер изнесува 0,7%, а во еврозоната 0,5%, за овој период.
Најуспешниот министер за финансии во историјата на Македонија, Зоран Ставрески е роден во Охрид во 1964 година. Станува дел од владиниот економски тим во 2006 година како вице-премиер задолжен за економски работи, во кој доаѓа од работна позиција водечки економист за развојни политики во Светската Банка во која претходно е ангажиран од 2001 година. Од 2009 година е назначен за министер за финансии и е еден од предводниците на економскиот тим на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Оженет е и татко е на едно дете.Благодарение на работата на Ставрески и економскиот тим, Македонија е 4-та најниско задолжена земја во Европа според ЕУРОСТАТ, и тоа во време кога