Сте се запрашале ли зошто јунаците на Дизни немаат родители?- Еве го одговорот!

Секое детство е обележано со цртаните филмови од Дизни продукцијата, кои обично со себе носат голема поука за љубовта и растењето.Меѓутоа, во секој од нив главните херои во главно уште на почетокот од филмот остануваат без своите родители и тоа претежно мајки. Само некои од нив се морската сирена Ариел, Снежана, Пепелашка, Бамби и многу други.
Одговорот на тоа прашање го даде познатиот продуцент Дон Хан, кој работел на повеќето филмови од оваа куќа.

„Ќе ви претставам две приказни поради кои се случува тоа. Една е тоа што нашите филмови се долги околу 90 минути и мораме што порано да го претставиме моментот кога главните јунаци растат. Поради тоа го претставуваме токму тој ден кога тие ги преземаат своите одговорности“, рече Хан.
„Втората причина е тоа што Волт Дизни во 1940-та година одлучил да им купи куќа на своите родители, но таа не била во најдобра состојба, па така еден ден се урнала и ја убила неговата мајка, додека татко му завршил во болница. Тој се чувствувал одговорен за тоа, па тоа го пресликувал во своите филмови“, објасни познатиот продуцент.Меѓутоа, во секој од нив главните херои во главно уште на почетокот од филмот остануваат без своите родители и тоа претежно мајки. Само некои од ни

Пронајдете не на следниве мрежи: