Стефан од Некст тајм: Секој ден ми е Драганаден!

Mладиот Стефан од “Next Time“ за дневниот весник Вест се отвори за неговата љубов со водителката Драгана Чуприна. Тие се во врска веќе три години, и одлично се согласуваат. Иако на почетокот биле со сосема различни карактери сепак со текот на времето успеале да се приспособат еден на друг , а денес функционираат и повеќе од добро.

“Секој ден ми е Драганаден, веќе три години откако се вљубив во неа. Со секој изминат ден јас и таа се трудиме да ја зацврстиме нашата љубов со доверба и разбирање. Во нашата врска нема трошка љубомора, како што е случај со други славни личности”,  вели пејачот за “Вест”

На прашањето пак како го поминале вчерашниот ден, Стефан изјавил дека тие се романтичен пар кој честопати знаат да се изненадат со романтична вечера или ручек во интимна атмосфера.
“Не сме од оние двојки кој постојано си подаруваат нешто, за нас најголем подарок е тоа што и покрај сите препреки сеуште опстојуваме. Но како и да е најмногу уживаме во заедничките ручеци и вечери во пријатни ресторани.” – пренесува Вест.
Покрај љубовта со згодната водителка Стефан вели дека е многу задоволен и од најновиот спот на нивната нова песна насловена како и самата група „Next time“.
извор:ВестMладиот Стефан од “Next Time“ за дневниот весник Вест се отвори за неговата љубов со водителката Драгана Ч

Пронајдете не на следниве мрежи: