Стефановски и Илиевски на средба кај градоначалникот

Градоначалникот Тони Трајковски ги прими пливачите на долги патеки Томи Стефановски и Александар Илиевски кои на светската листа ФИНЕ освоија високи пласмани, односно Томи Стефановски е прв, а Александар Илиевски е седми , освојувајќи високи пласмани на познатите светски маратони.На средбата беа присутни и претставници на фирмите „Кенди“ и „Вардарградба“, Славе Андев и Петар Тасески , кои покрај општина Гази Баба се многу заслужни за учеството на Александар на светските купови.
Градоначалникот им честита на Томи Стефановски и Александар Илиевски за извонредните успеси , а на претставниците на фирмите им се заблагодари за несебичната помош и поддршка.
Упорноста и постојаните тренинзи на Александар Илиевски и помошта која ја даваат фирмите го доведе Александар во светската маратонска елита.
На средбата за разговараше за помошта на бизнис секторот во индивидуалниот спорт и поддршката на спортистите кои покажуваат врвни резултати, а притоа ја промовираат општината и Република Македонија на најубав можен начин.
Од оваа година нашиот најдобар маратонец Томи Стефановски ќе му биде тренер на Александар со чија помош и искуство се надеваме на уште поголеми спортски резултати.
Градоначалникот Тони Трајковски ќе продолжи со поддршката на врвните спортисти од општината и ќе се залага за добивање на повеќе бенефиции од спортските федерации и државата за нив.
Се надеваме дека покрај Славе Андев и Петар Тасески ќе имаме уште многу луѓе кои ќе ја разберат тежината и макотрпната работа на овие спортисти за постигнување на врвни резултати и кои ќе се вклучат во нивната финансиска поддршка , за луѓето кои се спортски амбасадори на Република Македонија.На средбата беа присутни и претставници на фирмите „Кенди“ и „Вардарградба“, Славе Андев и Петар Тасески ,

Пронајдете не на следниве мрежи: