Стеванаџија: Епитетот „мафијашка држава“, Македонија го добила уште со мафијашката приватизација и бркањето на 240 илјади луѓе од работа

Пратеникот Димитар Стевананџија од собраниската говорница денес изјави дека иницијативата за импичмент која што ја поднесе СДСМ не поминала ниту кај граѓаните, ниту кај новинарите.-Образложението за импичментов и првиот говор беа доволни почитуваните новинари од галеријата, ваши непријатели, да проценат дека овој шарен балон се издиша уште на почетокот. Првата причина е што до ден денес единствен аболициран политичар во Македонија е Зоран Заев и второ единствен македонски политичар кои што после 9-ти мај молел кај господинот Иванов да биде аболициран е Зоран Заев. Затоа оваа тема денес е издишана и затоа новинарите веќе си отишле, рече Стевананџија.
Стевананџија потсети дека Ѓорѓе Иванов е човекот кој што освоил најмогу гласови на сите досегашни претседателски избори од осамостојувањето на Република Македонија.
-Кога сме кај бројките сакам да ве потсетам дека човекот за кого што барате импичмент е личност која што во 26 години демократија и плурализам освоил најмногу гласови. Повеќе од пола милион гласови, тоа е за почит и за респект, додаде Стевананџија.
Пратеникот исто така напомена дека епитетот „мафијашка држава“, Македонија го добила уште со мафијашката приватизација и бркањето на 240 илјади луѓе од работа.
-Рековте дека Македонија била мафијашка држава. Тој епитет го заслуживме уште во 90-тите години со мафијашката приватизација, со мафијашката трансформација на македонските фирми кога 240 илјади граѓани во Република Македонија,  останаа на улица. И ден денес ги трпиме тие последици и ние и тие и нивните семејства. И во иднина многу би било подобро да не го спомнувате Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е составен од луѓе кои што последните 10 години направиле програма, ја понудиле пред граѓаните и 11 пати со ред ја добивале нивната поддршка. Што понуди опозицијата кажете вие, запраша Стевананџија.-Образложението за импичментов и првиот говор беа доволни почитуваните новинари од галеријата, ваши непријатели, да проценат дека овој шарен балон

Пронајдете не на следниве мрежи: