Како што наближуваат изборите, така расте очајот на СДСМ. Како што расте очајот на СДСМ, така се зголемува бројот на лаги со кои СДСМ сака да го покрие стравот од соочувањето со граѓаните и немањето поддршка за нивните деструктивни политики.Интегрален текст од обраќањето на Димитар Стеванаџија
Даниела Рангелова од Брвеница, вчера ја сруши кулата од лаги кои ја градеше СДСМ. Нејзиниот грев беше дека се вика и презива исто како пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Доволно СДСМ да фабрикува афера и лажно да обвини за изборни измами.
Откако паднаа во вода евтините манипулации на СДСМ за фантомски гласачи, откако се потврди дека не постојат стотици илјади фантоми, СДСМ почна да го спори тоа што граѓаните во повеќе места, вклучувајќи ја и Брвеница немаат адреси. На јавноста треба да и биде јасно дека тоа е така затоа што во повеќе населени места нема систем на улици. Сите кои живеат во овие места затоа се регистрирани на иста адреса која им е дадена од МВР, кое сега е раководено од техничкиот министер Оливер Спасовски. Мене ме обвинија дека на адресата на која што живеам се регистрирани 22 гласачи.
Сакам да појаснам дека станува збор за станбена зграда стара 55 години со 2 влеза и 16 станови во кои живеат моите соседите. Манипулацијата на медиумите финансирани од Сорос и СДСМ е во тоа што ги вадат сите лица кои живеат на адреса ул. „Борис Кидриќ“ бр 16, но не кажуваат за колку станови станува збор. Ваквите лаги и манипулации на СДСМ, не минуваат.
Сите соседи се згрозени од злоупотребите на СДСМ и јас сум убеден дека за ваквата деструктивна политика ќе добијат соодветен одговор на 5 јуни.Интегрален текст од обраќањето на Димитар Стеванаџија
Даниела Рангелова од Брвеница, вчера ја сруши кулата од лаги кои ја