Стевананџија: Гласот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијатае глас за проверена опција

Димитар Стевананџија е роден 03.10.1976 во Прилеп. Оженет со Јулијана, татко на две деца, Кирил и Никола. Дипломиран професор по македонски јазик во Гимназијата Мирче Ацев-Прилеп, претходно работел како шеф на кабинетот на градоначалникот Марјан Ристески. Член на ОК ВМРО-ДПМНЕ од 2002 година, портпарол на ОК до 2005 година, член на советот на Општина Прилеп од 2005, носител на листа на советници за последните локални избори и претседател на Советот на Прилеп, еден мандат. Член е на централната комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. Избран е за пратеник во последниот Собраниски состав. Во Собранието бил заменик член на Национален совет за евроинтеграции, како и на Комисијата за образование, наука и спорт, а редовен член  на Комисија за одбрана и безбедност. Стевананџија бил заменик член на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), а член на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, и член на  Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија. На овие избори е кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во ИЕ4.Прашање ПУЛС24:  Што нуди Вашата Изборна Програма со која очекувате да ги добиете гласовите на избирачите?
Стевананџија: Нашата Изборна Програма е детална, сеопфатна со прецизни рокови, со проекти кои ќе обезбедат сигурност, безбедност и нова подобра иднина за Македонија, а ќе реши многу проблеми на граѓаните. Во следниот период ќе работиме уште поинтензивно и уште попосветено на реализација на голем број на реформи, политики, мерки и проекти кои ќе придонесат за остварување на стратешките приоритети на Република Македонија. Дел од Изборната Програма „Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок“ се проектите за повисоки плати, нови 70.000 работни места, повисоки пензии, 600 милиони евра за земјоделски субвенции, нови автопатишта, пруги и нови енергетски капацитети, поголема финансиска поддршка за компаниите, како и многу поволности за започнување на бизнис и намалување на невработеноста. Новата Програма е детална, сеопфатна со прецизни рокови, со проекти кои ќе обезбедат сигурност, безбедност и нова подобра иднина за Македонија, а ќе реши многу проблеми на граѓаните.Во програмата се предвидени и инвестиции во железницата, односно набавка на 5 нови возови, три локомотиви, инвестиција од 30 милиони евра, 70 канализациони и водоводни мрежи, 580 станови за социјално загрозените. Освен продолжување на проектот “Купи куќа за млади„ и во наредните четири, во предизборната програма на коалицијата „За подобра Македонија“ има нов проект наречен “Купи куќа за над 36 години“ со поволности за нов дом за лица над 36-годишна возраст. Меѓу проектите предвидени во програмата се и веќе промовираниот проект “Од Град во село за нов почеток“ каде граѓаните кои што ќе се вратат во селата ќе добијат големи стимулации и поволности од државата, како и отварање нови рудници, нови енергетски капацитети и завршување на изградбата на примарната гасификација во целата држава до 2020 година.Во програмата предвидени е и изградба на 18 нови училишта, 140 градинки, 78 спортски сали, 3 нови студентски домови.
Прашање ПУЛС24: Често сте на терен меѓу граѓаните, што најчесто споделуваат со Вас?
Стевананџија: Граѓаните при средбите на терен ги изнесуваат своите политички размислувања, даваат исклучително голема поддршка за нашата политика, не ретко споделуваат и некои нерешени прашања. Очекуваат уште нови вработувања, отворање и рестартирање на фабрики, со што нивниот живот ќе стане уште подобар и поквалитетен.
ПрашањеПУЛС24: Најавувате нови работни места во иднина, но и покачување на платите, во следен четири годишен мандат. Кажете ни нешто повеќе за ова?
Стевананџија: Во програмата е предвидено зголемување на социјалната помош, пензиите и минималната плата. За подобрување на стандардот на населението предвидуваме зголемување на платите во јавниот сектор за вкупно 10,25%, во јануари 2018 и во јануари 2020 година, по 5%. Пензиите ќе се зголемат за вкупно 10,25%,и тоа во септември 2018 година и во септември 2020 година, по 5%. Зголемување пак на социјалната и на постојана парична помош ќе изнесува 50%, во четиригодишен период.
Прашање ПУЛС24: Прилеп е земјоделски крај, какви мерки предвидувате за подобрување на земјоделието?
Стевананџија: Проекти и мерки од областа на земјоделието, шумарството и водостопанството кои ги предвидуваме за Прилеп се: санација на продори на вода и рехабилитација на круната на браната Прилеп, вкупна вредност на проектот 2.276.249, денари. Замена на хидромеханичка опрема на прекидните комори во ХМС Прилеп и замена на затворачи кај секундарните цевководи, вкупна вредност на проектот 5.100.000, денари. Извршивме набавка на делови за системот во атарот на с.Десово општина Прилеп, во вкупна вредност од  3.100.000, денари. Обезбедивме државна помош за воспоставување и работа на наменски и специјализирани продажни места за продажба на вино со потекло од Република Македонија. Идејно решение за ентериерно уредување на специјализирани продавници или вински штанд за продажба на македонски вина е избрано на конкурс и треба да се аплицира во 9 продажни места, и тоа по една во Кавадарци, Струмица, Прилеп.  Основен проект за санација и изведба на хидроизолација и антикорозивна заштита на брана Прилеп. Поради староста на објектот има продори на вода низ бетонската конструкција на браната. Неопходна е санација на истите и спречување на понатамошни оштетувања. Предвидени средства: 13.400.000 денари.  Изработка на проект за замена на дотраена опрема во темелниот испуст на брана Прилеп. Поради дотраеност на опремата ризично е командувањето со акумулацијата и сигурноста на објектот. Предвидени средства: 900.000 денари. Изработка на проект за замена на дотраена опрема во темелниот испуст на брана Прилеп. Поради дотраеност на опремата ризично е командувањето со акумулацијата и сигурноста на објектот. Предвидени средства: 900.000 денари.
Прашање ПУЛС24: Младите се идината на државата. Што предвидувате за да ја добиете нивната поддршка?
Стевананџија: Посветеноста кон младите е гаранција за перспективноста на државата. Затоа, ВМРО – ДПМНЕ се грижи за создавање на квалитетни генерации и задоволни млади, кои безрезервно и со сиот личен капацитет ќе се заложат и придонесат за севкупниот општествено – економски просперитет на Република Македонија. Во изминатиот период спроведовме многу проекти, системски мерки и активности наменети за младите. И во наредните четири години се обврзуваме да работиме за младите луѓе. Во областа спорт и образование, за младите луѓе помеѓу останатото предвидуваме: Нови инвестиции во образовната инфраструктура. Четиригодишниот инвестициски план предвидува изградба на 18 нови училишни објекти; 140 реконструкции и санации; изградба на 78 училишни спортски сали; изградба на 3 нови студентски домови и реконструкција и опремување на постојните студентски домови со нов мебел, како и машини за перење и сушење; изградба на нови објекти за потребите на дел од високо образовните установи во земјата, како и обновување на старата учителска школа; отворање на нови специјализирани читални во 6 општини. Нови инвестиции во спортската инфраструктур.  Програмата предвидува изградба на 11 нови спортски сали и целосна реконструкција на 4 постоечки; изградба на 28 тениски терени; изградба на 22 повеќенаменски игралишта; изградба на 4 затворени пливачки базени во општините Охрид, Штип, Струмица и Аеродром, како и еден отворен пливачки базен во општина Шуто Оризари. Изградба на 6 нови скејт паркови по меѓународни стандарди, изградба на 150 единечни кошаркарски игралишта; изградба на нови 10 фитнес зони на отворено, Информатичко комуникациски технологии во училиштата. Ќе обезбедиме современ електронски систем за образование кој ќе содржи одреден број интерактивни училници во сите основни и средни училишта – опремени со компјутери, интерактивна табла како и безжична мрежна инфраструктура со пристап до интернет.  Нови наставни програми и учебници во средното стручно и гимназиско образование: По целосното воведување на Кембриџ наставните програми по математика и природни науки од прво до деветто одделение, продолжуваме со нивна имплементација и во средното образование. Исто така, нови наставни програми и врвни светски учебници адаптирани на нашите национални особености ќе бидат набавени и по сите предмети во средното стручно образование. Дилемите дали одреден учебник е добар или не, заминуваат во историјата. Поддршка на талентот и поттикнување на образовните резултати кај учениците: Се воведува месечен паричен надомест за освоен медал на една од 13те  меѓународни научни олимпијади. Износот се исплаќа за 12 месеци во годината и тоа по 12.000 денари месечно за освоен златен медал, 10.000 денари за сребрен и 8.000 денари за освоен бронзен медал. Продолжува и доделувањето на паричен надомест за освоено прво место на државен ученички натпревар, како и за освоено прво, второ, односно трето место на меѓународен натпревар по математика или предметите од групата на природните науки. Вработување за најдобрите 100 студенти од државните универзитети: Предвидуваме системско решение за вработување на најдобрите 100 студенти од јавните универзитети во Република Македонија веднаш по нивното дипломирање, во државната администрација или во акционерските друштва каде државата има доминантна сопственост. Нови финансиски бенефиции и поволности за студентите: Се воведуваат стипендии за постдипломски и докторски студии во земјата. Дополнително, предвидено е намалување на партиципацијата за 50% за студентите од самохрани и еднородителски семејства, како и промена на студентскиот статус, односно преминување од квотата со кофинансирање во државна квота, доколку студентот ја заврши навремено втората студиска година со просек од над 8,5. Најдобрите студенти од државните универзитети и во следните 4 години бесплатно ќе патуваат на атрактивни туристички дестинации. Поддршка на младите во областа на науката и научно истражувачката дејност: Ќе биде основан Фонд за наука кој меѓу другото предвидува и поттикнување на младите истражувачи за објавувањето на резултатите од истражувањата. Продолжува и поддршката на претприемачите, особено на младите со креативни идеи, преку финансирање на иновации на новоосновани старт ап претпријатија, како и финансирање на комерцијализацијата на иновациите на микро, мали, средни и големи претпријатија. Грантови за велосипеди: Следејќи ги трендовите на модерното живеење и потребата за стимулирање на физичката активност на граѓаните, предвидуваме поддршка за купување на велосипеди за младите лица до 29 години од семејства со приходи под просечните. Ќе се доделуваат грантови за купување на нов велосипед, најмногу до 40% од цената, но не повеќе од 4.000 денари по лице.  Ова се само дел од проектите, за младите навистина има и многу други проекти.

ПрашањеПУЛС24: Досега имавте многу мерки и проекти наменети за пензионерите. Што предвидува новата програма “Реално“ за нив?
Стевананџија: Во програмата е предвидено зголемување на социјалната помош, пензиите и минималната плата. За подобрување на стандардот на населението предвидуваме зголемување на платите во јавниот сектор за вкупно 10,25%, во јануари 2018 и во јануари 2020 година, по 5%. Пензиите ќе се зголемат за вкупно 10,25%,и тоа во септември 2018 година и во септември 2020 година, по 5%. Зголемување пак на социјалната и на постојана парична помош ќе изнесува 50%, во четиригодишен период. Нашата Изборна Програма е детална, сеопфатна со прецизни рокови, со проекти кои ќе обезбедат сигурност, безбедност и нова подобра иднина за Македонија, а ќе реши многу проблеми на граѓаните. Во следниот период ќе работиме уште поинтензивно и уште попосветено на реализација на голем број на реформи, политики, мерки и проекти кои ќе придонесат за остварување на стратешките приоритети на Република Македонија. И во наредните четири години се обврзуваме да го подобруваме стандардот на пензионерите и да го олеснуваме нивниот живот: -Ќе продолжиме со редовна исплата на пензии секоја прва седмица од месецот, истовремено за сите корисници на пензија. -Ќе продолжиме со проектот бањско-климатска рекреација за уште 22.000 пензионери во 2017-2020 со што на пензионерите ќе им се овозможи посета на бањите со целосен третман и престој со 6 полни пансиони и превоз. Оваа услуга ќе може да ја користат корисници на пензија кои користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице. Предност ќе имаат корисници на пониска пензија. -Ќе овозможиме продолжување на проектот бесплатен туристички викенд кој ќе може да се користи во хотелски комплекси кои се наоѓаат на планина и езера во Охрид, Струга, Дојран, Преспа, Берово, Крушево. Во овој проект ќе бидат опфатени 15.000 пензионери за 4 години. Ќе обезбедиме пензионерска придобивка за пензионерите така што пензионерите ќе можат да набавуваат стоки за широка потрошувачка, медицински помагала, огревни дрва, оптимички помагала и други ствари на рати. Така што ќе се склучат договори со сите заинтересирани страни. Ќе продолжиме со иницијативи за склучување Договори за социјално осигурување со што повеќе држави од Европа и светот, каде што работат македонски граѓани со цел остварување на права од социјално осигурување за нив и нивните семејства.
Прашање ПУЛС24: Во делот на развој на културата што се предвидува во новата Програма за Прилеп?
Стевананџија: Проекти од областа на културата, од значење за општина Прилеп во следните четири години се Изградбата на нов театар во Прилеп. Со изградбата на  овој објект, прилепските актери и публика ќе добијат театарска зграда изградена и опремена според сите светски стандарди и репрезентативно место кое ќе претставува двигател на развојот на театарската дејност во Република Македонија.
Стевананџија: Понатаму, проектот за Реконструкција на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп.  Реконструкцијата ќе опфати  промена на кров и дограмата на центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп. Носител: НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Предвидуваме и Проект за Обнова на опожарените конаци и изработка и реализација на проектите за црквата, трпезаријата, магерничкиот конак и магерницата на манастирот „Трескавец“ – Прилеп. Продолжуваме со реализацијата на овој значаен проект со кој манастирскиот комплекс „Трескавец“, кој датира од 14 век, ќе биде комплетно обновен и ќе стане достапен за сите граѓани и посетители. Ќе се рабпти и на Проектот за Конзервација на манастирот „Св. Никола“ во Мариово. Со реализацијата на овој проект ќе се изврши конзервација на архитектурата и на живописот во манастирот „Св. Никола“ кој датира од 13 век. Понатаму, Проект: Старо Бонче за археолошки истражувања и конзервација. Предвиден е и Проект: Стибера (Чепигово, Прилепско), антички град. Преку овој проект ќе се извршат систематски археолошки истражувања на објекти од римскиот период. Ова се дел од проектите кои се насочени кон развој на културата во Прилеп, секако има уште многу други.
Прашање ПУЛС24: Кога не сте на митнизи, како го трошите Вашето слободно време?
Стевананџија: Овие денови, се денови на кампања. Така што, многу ретко имам слободно време (се смее), но на паузите помеѓу активнистите, пијам чај со другарите. Брзам на ручек со семејството, секој слободен период сакам да го поминам со сопругата Јулијана и со Кирил и Никола. Во оваа прилика, јавно сакам да и се заблагодарам на сопругата за безрезервната поддршка и разбирањето. Доцна навечер наоѓам време и за добар филм и релаксација во друштво на најблиските.
Прашање ПУЛС24: Кој е вашиот мотив да се занимавате со политика?
Стевананџија: Изборот да се занимавам со политика воопшто не е случаен. Иако тоа е тежок избор, сепак го прифатив предизвикот, затоа што само преку политичкото делување може да се помогне на Татковината. Како народен избраник во Законодавниот Дом ги застапувам интересите на граѓаните кои ме избрале и се трудам да допринесам за развој на државата.
Прашање ПУЛС24: Што би им порачале на гласачите во пресрет на изборите?
Стевананџија: Гласот за ВМРО-ДПМНЕ и за Коалицијата е глас за проверена опција. Граѓаните добро да размислат за кого го даваат својот глас на 11 декември. На овие избори ја бираат иднината на Македонија, а со тоа и иднината на себе и своите деца. Пред да гласаат да се прашаат во каква држава сакаат да живеат во Македонија која е самостојна, суверена со сочуван идентитет каква што ја гледаме ние во ВМРО-ДПМНЕ, или во Македонија која е двојазична, редефинирана и федерализирана како што заговара СДСМ во нивниот т.н. “План за живот“.
Граѓаните знаат кој може да отвори фабрики и нови работни места, да изгради болници, патишта и училишта. Граѓаните знаат што е подобро за себе и за Македонија и знаат за кого ќе гласаат!
 Прашање ПУЛС24:  Што нуди Вашата Изборна Програма со која очекувате да ги добиете гласовите на избирачите?

Пронајдете не на следниве мрежи: