Последните актуелни случувања на македонскта политичка сцена, беа повод лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски да се обрати пред медиумите.Тој истакна дека во моментов имаме состојба во која министерот за труд и социјална политика не спроведува судска одлука, додека министерот за внатрешни работи апси градоначалник без судски налог. Понатаму, лидерот на опозицијата Зоран Заев одложува судење со изговор дека адвокатите му се во странство. Врвот на целата оваа ситуација е специјалната обвинителка Катица Јанева која даде изјава за медиумите дека го пролонгирала судењето на Зоран Заев во аферата ,, Поткуп’’, со изговор дека е презафатена со организирање на свадбата на нејзината ќерка и со пречекување на претстојниот празник Великден.
-Два дена не можеме да се освестиме, и да сфатиме дали станува збор за скриена камера и дали оваа изјава да ја сместиме во рубриката ,, верувале или не’’?
Не можеме да се изначудиме, дека една личност која има завршено правен факултет, положено правосуден испит и го штити столбот на државата зборува вакви небулози.
Како може да се однесува со толкава неодговорност кон 4 милиони евра буџет кој ние граѓаните го одвоивме од социјалата, од пензионерите, од болните?
Каков е овој начин, пред очите на целата македонска јавност специјалната обвинителка поврзана со Зоран Заев да го изигруваат судството во стилот на искусен деликвент со крајна непочит кон оваа институција. Како е можно институцијата од кај што потекнува самата да не ја почитува докрај, а ние како граѓани треба да ја почитуваме нејзината измислена институција СЈО? – упати низа прашања лидерот Јакимовски.
Поради овие наведени причини, ГРОМ ги повикува сите институции во Република Македонија од кои СЈО ќе побара соработка да одговорат во нејзиниот стил: подготвуваме свадба и чекаме Великден.
– Сакам да му соопштам на СЈО дека ние како ГРОМ, јас како градоначалник на Општина Карпош и Општината, доколку СЈО побара од нас соработка, ние нема да соработуваме, образложувајќи со истите аргументации кои ги даде Катица Јанева. Ако некој мисли да не заплашува со закани и апсења, воопшто не се плашиме, па нека дојдат и со корпус војска- ќе им се спротиставиме.
Затоа ли им треба регулација на медиумите за да можат два милиони луѓе да прават будали? Тие, денес во медиумски плурализам играат најтап со институциите и народот, а што би правеле тогаш кога би имале диригирано новинарство? – заврши на крајот со излагањето првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски.Тој истакна дека во моментов имаме состојба во која министерот за труд и социјална политика не спроведува судска одлука, додека министеро