СТЕВИЦА ГО НАПАДНА АЈКУЛА ДОЛГА 7 МЕТРИ: Ова е вистината за смртоносниот напад во Црна Гора!

Единствениот познат напад на ајкула врз човек на црногорското приморје со трагичен крај, се случи на 13 јули 1955 година.Тројца студенти, веслајќи, застанале во близина на рамна карпа на Могрен, за да се капат. Во водата прв скокнал 21-годишниот студент од Чачак, Стеван Стевица Томашевиќ и набрзо потоа бил нападнат. Нападот бил смртоносен уште при првиот налет, бидејќи по страшното каснување од ајкулата, младичот скоро бил преполовен.
Според тврдењето на локалните рибари, Томашевиќ бил нападнат од голема бела ајкула, која наводно била долга дури шест ипол метри. Според сеќавањето на локалните жители, таа допливала во Јадранското Море бидејќи следела еден американски брод.
Семејството и пријателите на несреќниот младич испловиле со чамци до местото на несреќата и фрлиле цвеќе и венци во морето. Месец дена по трагедијата, семејството на несреќниот младич постави спомен-плоча која и денес стои на истото место.
Последниот смртоносен напад на голема бела ајкула се случи на 10 септември 1974 година кај Омиш, а тогаш жртва бил 21-годишниот Германец Ролф Шнајдер.
На источната страна од Јадранот е забележан уште еден напад на ајкула кој не бил смртоносен. Се случил кај островот вис на 6 октомри 2008 година. Словенечкиот турист Дамјан Песек ги каснала ајкула за левата потколеница.
Природен плен на големата бела ајкула е туната. Тоа е една од ретките риби која во последните години почесто се среќава во црногорскиот акваториум.Тројца студенти, веслајќи, застанале во близина на рамна карпа на Могрен, за да се капат. Во водата прв скокнал 21-годишниот студент од Чачак, Стев

Пронајдете не на следниве мрежи: