Стево Пендаровски доби неограничено време да ги шири лагите и манипулациите на СДСМ за тоа дека во Македонија нема медиумска слободаВо синоќешната „Топ Тема“ на Телма Стево Пендаровски доби неограничено време да ги шири лагите и манипулациите на СДСМ за тоа дека во Македонија нема медиумска слобода и тој не може да го прави токму тоа што го прави.Пендаровски сакаше граѓаните да ги убеди дека не постои емисијата во која што е гостин и дека на граѓаните им се причинува дека тој во прај-тајм на национална телевизија се однесува како портпарол на Фабриката за афери на СДСМ.
Вакви се медиумските слободи како што ги сфаќа СДСМ. За нив добри се само медиумите кои им отстапуваат неограничен простор на тезите од фабриките за афери на СДСМ. Сите други медиуми над кои СДСМ нема тотална контрола за нив се нефер и неизбалансирани. Врв на апсурдот.
За СДСМ се најдобри новинарите и медиумите кои не известуваат за новите проекти и мерки кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, додека истовремено ги поддржуваат хулиганските насилни протести на СДСМ во кои се напаѓа полицијата, се уништува државен имот и се вандализираат.
Мегафоните на СДСМ како Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила кои ги шират фабрикациите на Чауш, Заев, Спасовски и останатите портпароли на Фабриката за Афери на СДСМ, вчера како и секој ден беа преполни со стотици текстови со безочни лаги од СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ и ниту еден текст со критика кон опозицијата и вандалските протести организирани од неа.
СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку само слепи послушници меѓу медиумите. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола. Граѓаните тоа многу добро го знаат и токму заради ова нивниот рејтинг од ден во ден тоне се повеќе и повеќе.
Пендаровски сакаше граѓаните да ги убеди дека не постои емисијата во која шт