Штип: Библиотеката и Советот на млади организираат перформанс за Гоце Делчев и Тоше Проески

НУ-УБ ,,Гоце Делчев” во соработка со Совет на млади организира два книжевно-музички перформанси во еден: ,,Тоше има само датум на раѓање” и ,,Гоце Делчев – великанот роден за да не' учи и води” што ќе се одржат во петок, на 29 јануари 2016, во 13:00 часот во просториите на Библиотеката на Одделението за возрасни.Тоа е датум помеѓу двата родендена, на Тоше Проески и на Гоце Делчев. Активности:те предвидуваат читање лични творби за Гоце, за Тоше или на теми блиски до нивното делување; рецитација на песните испеани од Тоше, рецитација на песни за Гоце Делчев, драматизација на книжевни дијалози во кои се јавува ликот на Гоце, пеење песни за Гоце Делчев, пеење песни испеани од Тоше Проески и друго.

 
Претходно формирана комисија по завршувањето на перформансите ќе додели награди на најуспешните. Се повикуваат локални поети, писатели, рецитатори, љубители на пишаниот збор, членови на Литературниот клуб ,,Искра”, вокални интерпретатори – професионалци и аматери, инструменталисти – професионалци и аматери, хорови, музички групи и останати заинтересирани да го збогатат настанот со своето учество или присуство.
Пријавувањето трае до среда, 27.01.2016 на маилот на НУ- УБ: [email protected] или лично кај лицето Соња Манева на телефон 078/473-480.Тоа е датум помеѓу двата родендена, на Тоше Проески и на Гоце Делчев. Активности:те предвидуваат читање лични творби за Гоце, за Тоше или на теми б

Пронајдете не на следниве мрежи: