Штип: Повик за новогодишно украсување на дворовите во пресрет на Новата година

Општина Штип ги повикува граѓаните на Штип како и деловните и јавните субјекти да учествуваат во новогодишно разубавување на градот, украсувајќи ги сопствените објекти и дворови во пресрет на Свети Никола, Нова година и Божиќ.Согласно традицијата, и годинава ќе биде направен избор на најубава новогодишна декорација во трите категории: индивидуален објект, деловен објект и јавна институција, при што градоначалникот прим.м-р Илчо Захариев ќе им додели скромни подароци.
Заинтересираните граѓани можат да ги пријават своите декорации и на телефонот 032 22 66 00, кај членовите на Одделението за поддршка на градоначалникот или на е-маил: [email protected].
Од страна на градоначалникот ќе биде формирана комисија која ќе излезе на терен, ќе направи обиколка низ градот и ќе ги евидентира објектите кои годинава се украсени, по што ќе одлучат кому да му ги доделат наградите за најубава декорација.
Дополнително ќе биде утврден ден за доделување на подароците.Согласно традицијата, и годинава ќе биде направен избор на најубава новогодишна декорација во трите категории: индивидуален објект, деловен објект

Пронајдете не на следниве мрежи: