Штип прва општина на Истокот на десетта во Македонија по транспарентност

Штип прва општина на Истокот на десетта во Македонија по транспарентностЦентарот за граѓански комуникации од Скопје, го објави индексот на активна транспарентност за 2016 година. При тоа се истражувани 97 институции, во најголем дел локалните самоуправи но и ресорните Министерства. Генерална оценка е дека Опшптините имаат подобра активна транспарентност во поглед на Министерствата, при што на првите 18 места се локални самоуправи а првото Министерство е дури на 19 место (Министерство за локална самоуправа).
Општина Штип на генералната скала од 97 институции го дели 10.тото место со Општина Центар и спаѓа во групата на општини со добра активна транспарентност. Штип има 71.1% резултат во поглед на транспарентноста. На прво место е Општина Крива Паланка,а следат Велес, Битола и Струмица.
Што се однесува до регионите, од осум, Источниот регион е на средина, односно на 4 место со 45.2% резултат, наспроти првиот, Североисточниот кој е со 54.5%.
Што се однесува на ранг листата во нашиот, источниот регион, од 11 општини, Штип е на првото место а по нас следат Пробиштип, Берово, Делчево, Кочани, Чешиново-Облешево, Македонска Каменица, Виница, Пехчево, Зрновци и последна со 9,0 % резултат е соседната Општина Карбинци.Центарот за граѓански комуникации од Скопје, го објави индексот на активна транспарентност за 2016 година. При тоа се истражувани 97 инст

Пронајдете не на следниве мрежи: