Стивен Хокинг и Артур Шопенхауер за Слободната волја

Стивен Хокинг, својот детерминизам, непостоењето на слободна волја, го заснова врз квантната механика која го предвидува можното однесување на партиклите. Бидејќи основната градба на човечкиот мозок ја чинат партикли чие однесување е одредено од законите на природата, Хокинг смета дека слободната волја е ,,само илузија”.
Според Артур Шопенхауер (,,Мудроста на животот”), секој априори верува дека е потполно слободен, дури и во индивидуалното делување, и мисли дека во било кој момент, може да започне поинаку да го живее животот.
Но, подоцна, преку искуството, увидува на сопствено изненадување, дека не е слободен, туку е субјект на неопходностите, дека покрај сите негови одлуки и рефлексии, тој не го менува своето однесување, и дека од почетокот до крајот на животот, мора да се справува со сопствениот карактер што самиот тој го осудува.
Под претпоставка Хокинг и Шопенхауер да се во право, и мојата слободна волја да е само илузија, јас ќе продолжам да живеам во таа илузија и да донесувам одлуки според сопствениот систем на вредности.
Кога станува збор за емоциите, се разбира мислам на љубовните, без отпор и се препуштам на судбината, било да ми е одредена од карактерот, спорд Шопенхауер, или од квантната механика според Хокинг.
 

Post by Gorazd Rosoklija.
Бидејќи основната градба на човечкиот мозок ја чинат партикли чие однесување е одредено од законите на природата, Хокинг смета дека слободната волј

Пронајдете не на следниве мрежи: