Што да јадете во есен за да изгледате прекрасно?!

Летото е зад нас, а вашата кожа останала сува и чувствителна од сите оние денови поминати на сонце. Но доаѓањето на есента означува доаѓање на сезонското овошје и зеленчук кои помагаат при еластичност на кожата – а и покрај тоа вкусни се!Пазарите се полни со есенски овошја и зеленчуци кои не мамат со прекрасните бои. Дефинитивно ваквите производи вклучете ги во вашето мени. Ќе ви помогнат во подобрување на вашето здравје, бидејќи се богати со многу витамини, потребни за зимските месеци, а од внатре ја хранат кожата и и даваат природен сјај.
Ова се најважните плодови во есента:
Тиква
Никогаш не е доста од препораките за тиквата, особено кога станува збор за убавата кожа. Содржи многу витамини, а посебно го истакнуваме ретинолот кој се бори за исчезнувањето на брчките. Ќе ви го поправи тонусот на кожата и ја намалува пигментацијата на кожата. Од пире од тиква може да си направите одлична маска, со додаток од мед, сок од лимон и масло со витамин Е.
Благ компир
Слаткиот компир добива се поголема важност кај нутриционистите, па не заборавајте го оваа есен. Има анти-воспалително дејство како и дејство против стареење. Некои лабораториски истражувања утврдиле дека го зголемува производството на колаген.

Коренест зеленчук
Никогаш не е доста за цвекло, келераба и репа. Ќе ви помогнат доколку сте на лесна исхрана, бидејќи содржат влакна кои ќе ве држат подолго време сити. Зеленчукот од фамилијата корени го стимулира лимфниот систем и ги отстранува токсините од нашите клетки. Припремете ги како сок, супа, или варени како гарнир.
Брусница
Заборавете на конзервирана или засладена брусница, консумирајте само свежа, бидејќи така ќе добиете доволно хранливи материи од неа. Тие се антиоксиданси и имаат анти-воспалителна активност. И доколку не го обожавате тој кисел вкус, купувајте козметички производи кои содржат брусница.Пазарите се полни со есенски овошја и зеленчуци кои не мамат со прекрасните бои. Дефинитивно ваквите производи вклучете ги во вашето мени. Ќе ви по

Пронајдете не на следниве мрежи: