Што е она што го прави посебен 1-ви мај?

Денот на Меѓународниот труд се прославува низ целиот свет, а Македонците со нетрпение го чекаат овој ден. 
Зошто?
Додека повеќето нации низ светот го прославуваат овој празник со мирни протести низ улиците во знак на благодарност на оние кои издејствувале да се работи осум часа, наместо 13 часа, Македонците имаат обичај овој ден да го поминат во природа покрај вкусна скара и ладно пиво. 
Можеби ова е единствениот ден кога Македонецот може да си го пушти мозокот на „пасење“ и да ужива во убавото време, забавното друштво, скарата и пивото и да не се грижи за финансии, за работа, семејство, љубов и слично. 
Убавината во овој ден е што сите лица се насмеани, се слуша музика од многу места низ Македонија, се чувствува мирисот на скарата, децата уживаат во расцветаните ливади, а нивните мајки нон стоп ги довикуваат да внимаваат да не се повредат. 
Младите се организираат и одат на некои места низ Македонија, кои до сега немале прилика да ги посетат, природата е преполна со луѓе, скари, маси, столчиња, шатори. 
Можеби за некои нации низ светот е чудно што Македонците на овој начин го прославуваат денот на трудот, но како и да е и Македонците на овој ден навистина се трудат…да направат одлична скара и да испијат што е можно повеќе пиво. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Денот на Меѓународниот труд се прославува низ целиот свет, а Македонците со нетрпение го чекаат овој ден. 

Пронајдете не на следниве мрежи: