Што и се случило на Анџелина Џоли?

Светски познатата актерка Анџелина Џоли се исповеда за својата здравствена состојба. Таа храбро проговори за двојната мастектомија,  медицински термин за хируршко отстранување на едната или двете дојки, делумно или целосно.
Мастектомијата најчесто се изведува за да се овозможи лекување на ракот.
„Одлучив да го минимизирам ризикот колку што можам. Донесов одлука да подлегнам под превентивна мастектомија. Започнав со градите, бидејќи ризикот на дојките е поголем кај градите, отколку кај јајниците и операцијата е посложена“, вели Џоли за Њујорк Тајмс.
Таа додала дека на овој начин сака да ја пренсе пораката до сите жени во светот и да ги охрабри. 
„Сакам да го напишам ова и да им кажам на другите жени, дека одлуката за двојната мастектомија не беше лесна. Но, сум многу среќна што ја направив. Моите шанси за добивање рак на гради се намалија од 87 проценти до помалку од 5 проценти. Можам да им кажам на моите деца дека нема да ме изгубат поради рак на гради“, вели убавата Анџелина.
Среќна и задоволна од поддршката на својот партнер.
„Среќна сум што имам партнер, Бред Пит, кој е полн со љубов и поддршка. Значи секој кој има партнерка или девојка која треба да подлегне под оваа операција, треба да знае дека е многу важен дел од тоа. Бред беше во болницата каде бев на третмани. Наоѓавме моменти да се смееме заедно. Знаевме дека ова е правото нешто за нашето семејство и кое ќе се зближи уште повеќе и го стори тоа“, вели храбрата Џоли.
 
 Светски познатата актерка Анџелина Џоли се исповеда за својата здравствена состојба. Таа храбро проговори за двојната

Пронајдете не на следниве мрежи: