Што кажува бојата на вашиот автомобил за вас?!

Дали верувате дека постои поврзаност помеѓу бојата на вашиот автомобил со вашата личност во целина?!
Од почетоците на автомобилската индустрија до ден денешен постојано се проучува односот помеѓу бојата на автомобилот и потрошувачите.
Многу студии ги поврзаа одредените бои на возилата со одредени типови на луѓе. Ако сметате дека некои бои на автомобилите се „невообичаени“ или потполно непотребни, верувајте дека тие постојат од многу оправдана причина.
Темно зелена
Темно зелената боја говори дека сте добро избалансирани, доверливи и традиционални, додека светло зелената значи дека одлично се носите со стресните ситуации, односно дека воопшто не сте подложни на стрес.
Бела боја
Сопствениците на бели автомобили тешко дека ќе ги задоволите. Тоа се обично луѓе кои што сакаат нештата да бидат многу чисти и директни.
Сребрена боја
Сопствениците на сребрени автомобили порачуваат дека сакаат да се свртат кон иднината, престижот и елеганцијата. Сребрената боја на сопствениците на овие возила има дава чувство дека нивното „метално милениче“ вреди повеќе.
Жолта боја
Сопствениците на жолти автомобили испраќаат порака дека се разиграни и полни со смисла за хумор. Таквите луѓе обично се млади во срцето без разлика на годините.
Кафеава боја
Оваа боја означува сила, уникатност и поврзаност со природата. Возачите на кафеави автомобили често бараат и елеганција.
Портокалова боја
Уметничка и комплексна – тоа се главните одлики на портокаловата боја, а сопствениците на ваквите автомобили важат за уникатни и креативни личности.
Сина боја
Сопствениците на автомобили кои се во посветла нијанса на сината боја испраќаат порака дека се мирни, верни и искрени, додека потемните нијанси се одраз на доверба и авторитет.
Сива боја
Неутрална и практична – тоа се основните карактеристики на сивата боја, а сопствениците на сивите возила често се доста прагматични.
Црвена боја
Сензуална, динамична и отворена – ова се основните карактеристики на црвената боја, а сопствениците на црвени возила не се срамат да привлечат внимание.
Црна боја
Сила, енергија и класика – тоа се одликите на црната боја, а сопствениците на црните возила често се личности со кои мошне е тешко да манипулирате.
Се пронајдовте ли во тврдењата погоре? Каква боја е вашиот автомобил?!Дали верувате дека постои поврзаност помеѓу бојата на вашиот автомобил со вашата личност во целина?!

Пронајдете не на следниве мрежи: