Велат: Никој не е бескорисен, секој може да се употреби како лош пример. Но, некогаш од некои карактеристики на другите луѓе, а кои ние самите ги немаме, може да научиме многу. Лекциите се онаму каде што лежат разликите. Па ајде по ред: што можеме да научиме од другите хороскопски знаци?
*Ако сакате подетално да дознаете што ве очекува во тековната година, кликнете и нарачајте – соларен хороскоп.
ОВЕН – Од брзиот и секогаш нестрплив Овен може да научиме дека ако ни треба нешто, треба јасно и гласно да го побараме, макар било 4 часот наутро. Овенот нè учи на акција, на делување, како и фактот дека ако не сме гласни, нема да нè забележат другите.
БИК – Бикот е упорен и тврдоглав, ужива во сетилни задоволства, како добра храна на пример. Од Бикот ќе научиме дека треба да успориме некогаш во животот, треба да оставиме да се случи едно нешто за да дочекаме нешто друго, а за тоа најчесто треба време. Треба да си оставиме време за себе и време за одмор.
БЛИЗНАЦИ – Брзи и љубопитни како ветерот, Близнаците нè учат дека не е секогаш важно да стигнеш на време, колку што е важно да ги прибереш сите информации што се потребни. Љубезни со сите, пријатели со ретко кого, Близанците се идеален пример за современ човек од кого се бара да е секогаш насмеан.Велат: Никој не е бескорисен, секој може да се употреби како лош пример. Но, некогаш од некои карактеристики на другит