Што ќе рече Саша Поповиќ на ова: Цеца изјави дека „Звезде Гранда…“

Пејачката Цеца Ражнатовиќ блескаше на 20-тиот роденден на Пинк, а како што откри, самата си била свој стилист. Еве кои се актуелните случувања во нејзиниот живот кој таа ги раскажа за медиумите.- Немам слушнато коментари дека сум најстрог член од жирито. Се трудам да бидам објективна и да им помогнам на натпреварувачите да дадат се од себе. Тремата е присутна, што е сосема нормално. Знаете како, тие знаеја кој ќе биде во жирито, нормално е да имаат таква реакција но ние сме тука да ги опуштиме. Секој почеток е тежок. Ако некој не успее во ова натпреварување, не значи дека нема да успее во некое друго, вели пејачката.
Во врска со тоа дали Цеца имала трема во нејзините почетоци, таа вели:
– Никогаш, навистина никогаш не сум имала трема, бидејќи секогаш сакав само едно – да имам ваква кариера кава што имам денес, – додава Цеца.
Со оглед на тоа дека во ист термин оди уште едно натпреварување, тоа на „Звезде Гранда“, Цеца вели дека не се плаши од конкуренција…

 
– Не се занимавам со конкуренција. Никогаш не сум се занимавала, иако мислам дека е здраво таа да постои, за да бидеме уште подобри. Јас сум долгогодишен добар пријател со членовите на Гранд продукција, како и со членовите на Пинк телевизија – вели Ражнатовиќ.
На прашањето за настапите кои последниве денови се појавија во медиумите, а се однесуваат на свадбата на Жељко и Јована, на тоа дека Чеда Јовановиќ не сака да седи покрај неа, Цеца вели:
– Се што прочитавте, од почеток до крај е една невистина. Верувајте ми, ништо од тоа не е точно. Ова беше една од повеселите свадби во мојот живот. Толку на таа тема. – Немам слушнато коментари дека сум најстрог член од жирито. Се трудам да бидам објективна и да им помогнам на натпреварувачите да дадат се од себе

Пронајдете не на следниве мрежи: