Што се се смета за неверство и изневерување? Додека за некои изневерувањето вклучува секс, има и такви кои се чувствуваат изневерено и поради некои други однесувања како што е излегувањето на вечера, прегрнување…Во истражувањето учествувале 456 студенти, на кои откако им се дадени 27 примери на различно однесување морале да наведат што од наведените постапки сметаат за неверство и во која мерка, особено во долгите врски.
Давале оценка од 0 до 100. Со тоа што нула значи дека дејството не го сметаат за неверство, а 100 за она што го сметаат за апсолутно неверство.
Научниците дошле до заклучок дека оние кои во врската се чувствуваат несигурно склони се како неверство да сметаат и некои вообичаени однесувања.
Оние кои избегнуваат сериозни врски поинаку гледаат на неверството, па на сексуалниот однос, како изневерување, му дале помала оценка во однос на останатите однесувања.
Еве што сè и во која мерка се смета за изневерување:
– Француски бакнеж: 87,7
– Праќање на разголени фотографии: 88,2
– Праќање на еротски пораки: 82,6
– Спиење во ист кревет: 68,4
– Држење за рака: 63,2
– Длабока емотивна поврзаност: 52,4
– Седење во скут: 52,2
– Излегување на вечера: 41,4
– Делење на тајни: 36,5
– Повеќе од десет секунди прегрнување: 34,5Во истражувањето учествувале 456 студенти, на кои откако им се дадени 27 примери на различно однесување морале да наведат што од наведените постапк