ШТО МИСЛИТЕ: Заслужува ли вашиот поранешен втора шанса?

Веруваме дека секоја девојка некогаш има поминато низ фазата кога се прашува дали тој заслужува уште една шанса.Вашиот бивш партнер посакува да му дадете уште една шанса, меѓутоа вие не сте сигурни дали би требало да се врати во вашиот живот или не, судејќи по тоа дека вашата врска завршила лошо. Ако во моментов имате сличен проблем, можеби ќе ви помогнат следните неколку совети. Доколку вие и вашиот партнер сте останале во добри односи после раскинувањето, ако немало озборување и тешки зборови, тоа е знак дека сте го задржале меѓусебното почитување кое е предуслов за добри односи во врската.
 
Во спротивно, немојте да размислувате за продолжување на приказната, затоа што не сте емотивно зрели за тој предизвик. Пред да се впуштите во врска со поранешниот партнер, добро размислете за причините поради кои што сте раскинале. Искрено поразговарајте и пробајте да ги поправите грешките. Луѓето ретко се менуваат, ама љубовта сигурно е најдобрата причина да свртите нов лист во животот.Простувањето е голем предизвик за бившите партнери. Брачните терапевти советуваат, ако веќе се одлучите за продолжување на врската, пробајте да му простите на партнерот ако ве повредил на било кој начин. Врската не може да има светла иднина ако во неа внесете злопамтило, рането срце и повредена суета.Вашиот бивш партнер посакува да му дадете уште една шанса, меѓутоа вие не сте сигурни дали би требало да се врати во вашиот живот или не, судејќи

Пронајдете не на следниве мрежи: