Што може да го намали ризикот од рак?

Што може да го намали ризикот од рак на дојка?Жените во менопауза кои пешачат еден час секој ден, можат значително да го намалат ризикот од карцином на дојката, покажуваат најновите истражувања.
Студијата во којашто биле следени 73 илјади жени на возраст од 50 до 74 години во текот на 17 години, покажала дека едночасовната прошетка седум дена во седмицата го намалува ризикот од болеста. Американското здружение за борба против ракот соопшти дека станува збор за прво истражување во коешто намалувањето на ризикот од заболувањето е директно поврзано со одењето.
Жените избрани за истражувањето пополнувале прашалник за своите дневни активности, како што се пешачење, пливање или аеробик, како и тоа колку време минувале седејќи и читајќи или гледајќи телевизија. Речиси половината од нив одговориле дека одењето е единствената нивна рекреативна активност. Оние коишто пешачеле најмалку седум часа во седмицата имале 14 отсто помал ризик од рак на дојка од оние кои оделе трипати или помалку, покажува студијата објавена во BBC.

 

Драго ние е што откривме дека само одењето еден час дневно, дури и без некоја друга активност, е поврзано со намалување на ризикот од ракот на дојката кај жените, вели лекарот Алпа Пател кој го водел истражувањето.
Дилит Моран, извршна директорка на Кампањата за борба против ракот на дојката вели дека оваа студија овозможува натамошни докази дека изборот на нашиот животен стил може да одигра важна улога како и дека „дури и малку промена внесена во нормалниот секојдневен живот може да предизвика напредок Предизвикот сега е како тие сознанија да се претворат во акција и да се идентификуваат други одржливи промени во начинот на животот кои би ни овозможиле да го спречиме ракот на дојката, додава Моран.
Неодамнешното истражување на хуманитарната организација Ramblers покажа дека четвртина од возрасните пешачат само еден час седмично, а дека активниот животен стил е познат како фактор на намалувањето на ризикот од многу видови рак.Жените во менопауза кои пешачат еден час секој ден, можат значително да го намалат ризикот од карцином на дојката, покажуваат најновите истражувања

Пронајдете не на следниве мрежи: