Големите компании за технологија имаат проблем кој сите ние би сакале да го имаме: Седат на куп пари.Според еден извештај од Moody’s Investors Service, американските компании вон финансиската индустрија „седеле“ на заеднички куп пари вреден речиси 1,64 трилиони долари. И секако, Ејпл, Гугл и Мајкрософт имаат најмногу од тој куп, и притоа Ејпл ја предводи листата со 159 билиони долари.
Ако тоа се пресмета во банкноти, купот на Ејпл би зазел површина од 630 квадратни милји. Пред пронаоѓањето на ајфонот, оваа компанија располагаше со финансии од само 5,5 билиони долари. Сепак, Ејпл троши многу малку пари за технологии, било стари или нови.
Според економистот Џон Мајер Кејнс, компаниите натрупуваат толку пари од три прилини: за да извршуваат трансакции од ден за ден, да се заштитат во случај бизнисот да затаи, и да бидат подготвени за инвестиции во вистинските мометни.
Гугл потрошиле билиони на сајтови за видео, роботи, технологии за автомобили без возач и софтвер за вештачка интелегенција. Амазон купувале роботи, услуги за е-рекламирање и хардвер, додека Фејсбук потрошиле речиси 20 билиони долари во последните два месеци на развивање на нова комуникациска платформа и софтвер за виртуелна реалност.
Ејпл сепак, покрај овие активности на конкуренцијата, во ниеден случај не потрошиле над билион долари. Тие за сега само ги купиле АутенТек, фирма за сензори за отпечатоци од прсти, гласовниот сервис Сири и Топси, компанијата за анализа на податоци.
Извршниот директор на Ејпл, Тимоти Кок, изјавил дека Ејпл ќе продолжи да расте, но нема да купува други компании само за да се рече дека се голема компанија и дека нешто купиле.
Тогаш, што би можеле ејпл да купат со тие кушишта пари?
Ејпл може да појде на Марс. Според една изјава на човек од НАСА, мисија за колонизирање и населување на оваа планета би чинела околу 160 билиони долари. НАСА дури и предложи дека големи компании како Ејпл може даја финансираат таа мисија.
Ако не со вселенски патувања, Ејпл би можел да се занимава со транспортот на Земјата. Првичната идеја на компанијата пред да го промовира ајфоно била да изработат автомобил.
Или пак, Ејпл може да си се држи до комуникациските технологии. И покрај градењето на нивните ајфони и таблет компјутери, на компанијата се уште и се потребни Version, AT&T, Sprint и T-Mobile за своите уреди да ги поврзе со музика, видео и интернет. Кога подобро ќе се размисли, Ејпл има доволно пари и да купи некоја од претходно наведените компании.
Сличен „проблем“ како оној на Ејпл сега имаше Мајкрософт во 2002 година. Тогаш Мајкрософт „седеше“ на 36 билиони долари. Додека Бил гејтс веруваше дека Мајкрософт треба да има годишно при рака доволно пари за да работи без да заработи ни денар, инвеститорите не се согласуваа. Под голем притисок, набрзо Мајкрософт ја издаде својата прва дивиденда, а сите знаеме што им се случуваше во следните 10 години.Според еден извештај