Што му одговори Северина на Милан по неговата изјава дека таа е негова прва и последна љубов?

На изјавата на Милан Поповиќ, кој во интервју за Б92 изјави дека Северина е неговата прва и последна љубов, познатата балканска пејачка реши да одговори на оваа негова изјава. 
На својот бивши партнер и татко на нејзиниот син Александар, Северина му посочи дека е убаво што човекот се труди. 
„Убаво е што се труди“, низ насмевка изјави Северина. 
Додека Северина кратко и јасно одговори на неговата изјава, нејзиниот поранешен партнер беше навистина расположен за раскажување на нивниот некогашен заеднички живот како и неговите чувства кон Северина. 
„Северина е злато мое, сонце мое, душа и љубов моја, среќа и тага моја, моја последна и прва љубов. Откак се роди нашиот син, нашата врска стана нераскинлива“, изјави Поповиќ. 
Тој нагласи дека од врската од две години тие добро се запознале меѓу себе и свесни се дека повтрно спојување на семејството е добро за нивниот син Александар. 
„И двајцата сме зрели луѓе и сигурен сум дека ќе најдеме начин да ја зацрвстиме нашата врска“, посочи Милан. На изјавата на Милан Поповиќ, кој во интервју за Б92 изјави дека Северина е неговата прва и последна љубов, познатата

Пронајдете не на следниве мрежи: