Прочитајте кои се седумте работи кои ги научивме од Steve Jobs…1. Стремете се кон иновација.
“Не можете да погледнете во вашиот конкурент и да речете, “Ние ќе го направиме тоа подобро”. Треба да погледнете во него и да речете “Ние тоа ќе го направиме поразлично”. Надминувањето на конкуренцијата не беше никогаш доволно за Steve, а тоа е и причината поради која често се случуваше тој покасно да ги лансира своите производи. Она што му беше важно него беше неговиот производ да биде иновативен. Кој беше првиот MP3 којшто излезе и кој беше најиновативниот?
2. Чувајте си го грбот.
Jobs на потешкиот начин научи дека и кога сте на врвот на компанијата, не сте никогаш сигурни. Дури и кога вие сте тие што ќе му дадете шанса некому и ќе му помогнете да влезе во вашата компанија, таа иста личност може да се ослободи од вас и да ви ја земе високата позиција. Тоа му се случи нему, тоа и тој им го направи на другите. Никогаш не се опуштајте премногу.
3. Секоја задача е подеднакво важна.
Пред се треба да направите селекција на тоа што е важно и значајно за одредената цел, а потоа се што сметате дека нема многу да приодонесе засекогаш да го тргнете од својата листа на обврски. Откога ќе го направите овој филтер, секоја задача што сте одлучиле дека треба да ја завршите треба да ви е подеднакво важна. Ако не е така, тогаш зошто воопшто се наоѓа на вашата листа? Ако Steve не беше толку непопустлив околу ова, денеска ние немаше да имаме толку фонтови меѓу кои ќе можевме да избираме.
4. Едноставноста е добра.
Не мора да работите во луксузна канцеларија или да носите многу скапо одело за да бидете сфатени сериозно. Она што навистина ви треба е добар производ и што е уште поважно, вие да го знаете тоа и да верувате во него. Приказната за Apple започна во гаражата на родителите од Steve, кога тој и неговиот пријател Steve Wozniak го направија прототипот за компјутер но идејата и пасијата беа тие коишто го изградија брендот. Замислата за едноставноста и лесниот начин на употреба на неговите производи е носечката филозофија на Steve и при дизајнирањето на истите.
5. Понекогаш ви е потребна само една личност за да успеете.
Кога Jobs и Wozniak првпат го презентираа својот производ во соба полна со техничари, само еден човек покажа интерес за нивната работа. И додека тоа изгледаше разочарувачки во тој момент, подоцна се покажа дека само таа личност и им беше потребна за да успеат. Кога Jobs се обиде преку стотици луѓе да најде инвеститори, само еден одговори на тоа и тој стана нивниот прв инвеститор. Немојте да се разочарувате ако вашата идеја понекогаш не е широко прифатена. Во работата, како и во животот, многу почесто ви е потребна само една личност за да ви помогне да го направите првиот чекор.
6. Имајте паметни пријатели.
Сите ние имаме пријатели од детството, пријатели од средношколските денови и колеги. Од секого може да научите нешто и секако секој од нив си има посебно место во нашиот живот. Меѓутоа ако сакате да напредувате во кариерата и да се надоградувате себеси, многу е важно паметно да ја бирате околината во која поминувате најголем дел од своето секојдневие.Имајте покрај себе некој што ве мотивира, се интересира за истите работи како и вие и ве предизвикува преку разговор или преку некаков натпревар да се надоградувате себеси. Steve беше опкружен со луѓе кои беа клучни за неговиот успех, вклучвајќи го Steve Wozniak, неговиот партнер при создавањето на персоналниот компјутер.
7. Немора да имате диплома за да успеете.
Се разбира дека вашата диплома е добра основа за да успеете и секој што се посветил на своето образование сака да добие признание и шанса за својот труд, но се повеќе сме сведоци на тоа дека образовниот систем се помалку е целосна рефлексија на нашите квалитети и можности. Веќе научивме од Mark Zuckerberg дека не мора да имате диплома на Харвард за да успеете. Steve е исто така еден од успешните луѓе кои не завршиле факултет. Тој се запишал на Reed College, меѓутоа се откажал после првите шест месеци, а потоа го открил Apple.
П.К.1. Стремете се кон иновација.
“Не можете