Што покажала камерата која ја носел Шумахер на кацигата?!

Поранешниот светски шампион на Формула 1 Михаел Шумахер возел 20 километри на час кога паднал на скијање во Франција на крајот од декември, при што се здоби со тешки повреди на главата, се вели во француското обвинителство.- Брзината не била претерана во моментот на паѓањето, односто тој возел максимално 20 километри на час – пренесува италијанската агенција Анеса по тврдењето од француското обвинителство во Албервил.
Француските истражни органи ја прегледале камерата која на кацигата ја носел Шумахер кога паднал на необележаната патека во Мерибел.
Обвинителот Патрик Кенеси денеска рече дека седумкратниот шампион на Формула1 Михаел Шумахер возел шест метри надвор од означената патека за време на несреќата.
– Истрагата добро напредува. Ако е потребно ќе ја анализираме кадар по кадар снимката од неговата кацига. Тој ја следел црвената патека, а потоа излегол од неа. Тој е исклучиво добар скијач, но една од неговите скии удрила во камен. Каменот во кој удрил е 8 метри надвор од патеката, а тој паднал 9 метри надвор од патеката – вели Кинеси.
Здравствената состојба на легендарниот возач е стабилно, но и понатаму критично.
Шумахер од 29-ти декември е во вештачка кома, бидејќи се здобил со тешки повреди на главата при падот на скијањето во Франција.- Брзината не била претерана во моментот на паѓањето, односто тој возел максимално 20 километри на час – пренесува италијанската агенција Ане

Пронајдете не на следниве мрежи: