Што потпетиците му прават на нашето тело:Ги оштетуваат нервите и ‘рбетот!

Високите потпетици предизвикуваат болка во долниот дел од грбот, вршат притисок врз коските што доведува до зголемено оштетување и побрзо скратување на Ахиловата тетива. Иако само неколку часа поминати на потпетици, жените веќе чувствуваат болки, но ретко која би се откажала, а некои се подготвени и за козметичка хирургија само за да бидат во можност да носат 15 см високи потпетици. Освен болките кои се пропратени со самото носење на потпетици, целокупното здравје на жената е во опасност, пишуваат од Woman’s Health.
Отечени стапала
Стапалата делуваат како „перници“ при заштита од ударите, но во потпетиците не можат да ја вршат нивната функција нормално. Колку се повисоки потпетиците толку е поголем притисокот врз коските. Па така потпетиците од 10 см го зголемуваат притисокот за 30 отсто. Потпетиците се штетни за природната транзиција на коските и нервите, од петите до прстите, што може да доведе до трајни оштетувања на нервите и вродени нокти.

Глуждовите и листовите:Предизвикува проширени вени
Носењето на високи потпетици ја менува природната позиција на глуждовите и ги води нанапред, а со тоа ја намалува циркулација во долниот дел и предизвикува проширени вени. Сличен ефект има и кај Ахиловата пета. Високите потпетици предизвикуваат скратување на мускулот на листот кој се прилагодува од неправилно носење на чевли.
Колената се трошат повеќе
Коленото е најголемиот зглоб на човечкото тело и делува како амортизер за ублажување на ударите од одење. Тој природно ја подмачкува ’рскавицата, но високите потпетици придонесуваат притисок на неговата внатрешна страна и го зголемуваат трошењето. Коленото затоа не подмачкува доволно па може да дојде до остеоартритис. Во оваа болест следат болки при одење, зглобовите крцкаат а одењето е отежнато.
Колковите и ’рбетот се под голем притисок
Високите потпетици не дозволуваат природно да се исправиме, и положбата која не тера напред да се движиме, го зголемува притисокот врз колената, мускулите и тетивите, карлицата и долниот дел од грбот. Колку повеќе мускулот се напрега, ризикот од повреда е поголем.
Поради тоа експертите препорачуваат да не се носат високи потпетици секој ден, да се прават паузи, односно, секој втор ден да се носат рамни чевли.Иако само неколку часа поминати на потпетици, жените веќе чувствуваат болки, но ретко која би се откажала, а некои се подготвени и за козметичка хи

Пронајдете не на следниве мрежи: