Неколку работи кои што се дел од начинот на живеење може да бидат причина за зголемување на тежината.Однесувањето на личноста со која што живеете – ако личноста со која што живеете никогаш не се зафаќа со работа во кујната да направи здрав оброк, веројатно и вие ретко ќе се сетите да го направите тоа. Но може да биде и поинаку – вие да се обидете да наметнете друг ритам во секојдневната исхрана. Почнете со тоа што наместо нарачка на брза храна ќе засукате ракави и самите ќе приготвите ручек или вечера.
Среќна врска – иако ваквата констатација ретко кој би ја прифатил според некои истражувања се покажало дека двојките кои што се во среќна врска не се веќе толку заинтересирани да им се допаѓаат на другите, односно помалку се заинтересирани за својот физички изглед. Ако сте во среќна врска обидете се заедно со партнерот да готвите и да вежбате. Тоа освен што ќе биде добро за здравјето на двајцата истовремено ќе ја зацврсти уште повеќе вашата врска.
Претерано користење интернет – научните истражувања докажале дека колку повеќе време поминувате на интернет толку се поголеми шансите да се здебелите. На пример, ако со часови поминувате на фејсбук освен што ќе бидете во тек со случувањата попатно ќе правите ред други некорисни нешта – ќе грицкате храна која што и не е баш здзрава, со часови ќе останете во седечка позиција што секако лошо ќе влијае на вашето здравје. Затоа ограничете го вашето дружење со фејсбук и направете си покорисен распоред на времето.
Недостиг на витамин Д – бројни истражувања покажале дека има поврзаност меѓу недостигот на витаминот Д во организмот и вишокот килограми. Затоа погрижете се овој витамин да не ви недостига.Однесувањето на личноста со која што живеете – ако личноста со која што живеете никогаш не се зафаќа со работа во кујната да направи здрав об