Бебињата многу знаат за луѓето и за светот што ги опкружува и иако не зборуваат, според нивниот израз на лицето ќе откриете што сакаат тие.Ова го вели развојниот психолог Алисон Гопник, авторка на книгата „Бебе филозоф: Што ни зборува бебешкиот мозок за вистината, љубовта и за смислата на животот“.
Најголем ноќен кошмар на секој родител се раѓа во моментот кога не може да разбере што сака неговото бебе. Многу млади родители ги обзема страв штом ќе го здогледаат намуртеното лице на бебето, особено ако при тоа мрмори. И инстинктот не ги лаже.
-Штом ќе се намурти, бебето со лицето испраќа порака дека не се чувствува добро. Ако при тоа плаче, можна причина се гасовите што можете да ги решите со нежно масирање на стомачето. Ако бебето се намуртило и ширум ги отворило очите, веројатно штотуку се искакало. Но ако со намуртените веѓи ги напрчи усните, вашето дете веројатно премногу е стимулирано од надворени информации и потребно му е малку самотија, објаснува американскиот психолог.
За да го смирите бебето, ставете го во лежалка или во лулашка и полека оддалечете се. Бебињата лесно се фасцинираат од работите што ги опкружуваат, а тоа ќе го покаже со интензивен, истражувачки поглед во одредена насока или кон некое лице или предмет.
Од друга страна, со изненаден плач, викање или со фрлање работи бебето бара внимание и покажува дека му е здодевно. Дајте му ја омилената играчка или пејте му ја песничката што ја сака.
1) НЕ САКАМ ДА СИ ИГРАМ
Штом ќе ја сврти главата на друга страна и избегнува контакт со очите, бебето покажува дека не сака да комуницира. А тоа ќе го потврди ако почне да си игра со прстите.
2) НАПРЧЕНИ УСНИ
Родителите би требало да му дадат на бебето простор ако се намурти и при тоа ги напрчи усните, бидејќи на тој начин порачува дека сака да биде само.
3) НАМУРТЕНО ЛИЦЕ
Секој пат кога ќе се намурти, бебето го покажува она што го чувствува – а во овој случај се работи за непријатност, вели Алисон Гопник.
Извор: Убавина и здравјеОва го вели развојниот психолог Алисон Гопник, авторка на книгата „Бебе филозоф: Што ни зборува бебешкиот мозок за вистината, љубовта и за см



