Роберт Баер, поранешен агент на ЦИА а денес автори политички аналитичар, во едно свое неодамнешно излагање понуди поинаква перспектива врз настаните кои доведоа до распад на СФРЈ.СФРЈ – за многумина непрежалена заедничка држава на братски народи. Земја со социјалистичко уредување, во која сите бea рамноправни и имаa еднакви шанси за успех, во која стопанството и индустриските капацитети бea во рацете на народот.
Многумина и денес тврдат дека во тој период се живееше подобро: платите беа солидни и навремени, се почитуваа правата на работниците, земјата беше респектирана секаде во светот, постоеше почит и пријателство меѓу луѓето без разлика на националноста. Но со смртта на претседателот Јосип Броз -Тито целата ситуација започна да се движи во непосакувана насока.
Сето тоа ескалираше на почетокот на деведесеттите години на минатиот век кога идеалот за братство и единство се распрсна како меур од сапуница. Воени судири, национализам, масакри станаа новата реалност за народите, кои претходно речиси 50 години живееја во слога и заедништво. Како одеднаш се случи ваква промена, зарем целата федерација беше само експеримент и вештачка творба со која раководеа неколку луѓе или пак сепак приказната има и друга страна?
Човек кој ги знае тајните на ЦИА
Роберт Баер, поранешен агент на ЦИА а денес автор и политички аналитичар на многу актуелни настани и случувања, во едно свое неодамнешно излагање понуди поинаква перспектива врз настаните кои доведоа до распад на СФРЈ. Досега во своите дела тој пишувал за сомнителните одлуки и решенија на претседателите Бил Клинтон и Џорџ Буш, поткрепувајќи ги истите со несоборливи факти кои нему, како на оперативец му биле достапни во минатото.
Поради објавувањето на доверливи информации Баер честопати бил апсен и притворан но очигледно тој е решен да ја кажува вистината, без оглед на тоа дали така му налага совеста или пак сето ова го прави за да го привлече вниманието на јавноста.
Тајни мисии погубни за Југославија
Како агент на американската ЦИА, Роберт Баер за прв пат го посетил Балканот на 12 јануари 1991 година, кога заедно со уште тројца негови колеги бил транспортиран во Сараево со објаснување дека во градот треба да се изврши мисија од витално значење за Агенцијата.
Мисијата наречена „Вистина“ имала за цел да ги спречи можните бомбашки напади кои според добиените сознанија српската паравоена формација „Врховна Србија“ требало да ги изведе врз цивилни згради во Сараево. Информациите од ЦИА објаснувале дека српските терористи ваквите акции ги подготвуваат во знак на предупредување за Босанските политички лидери кои започнале да размислуваат за евентуално отцепување на Босна и Херцеговина од СФРЈ. По извесно време Баер и неговите колеги сфатиле дека српска паравоена формација воопшто не ни постои и дека нивното присуство во Босна е со цел да шират паника и страв кај Босанските политичари за можни српски вооружени напади.
По две недели поминати во Сараево, неговото патешествие продолжило во Словенија каде бил исто така службено ангажиран. Во тој период и во Словенија се дебатирало за напуштање на дотогашната заедничка држава и прогласување на независност. Задачата на Роберт Баер, кој во земјата бил испратен со неколку милиони долари, била да ја поттикнува дебатата преку финансирање на невладини организации, опозициски партии и политичари. Сите тие зборувале во корист на отцепувањето и ја загрозувале безбедноста на целиот регион, ширејќи омраза и национализам.
Повеќе на think.mkСФРЈ – за многумина непрежалена заедничка држава на братски народи. Земја со социјалистичко уредување, во к