Нови докази кои ја разрешуваат мистеријата за исчзенувањето на цивилизациите стара 3.200 години.Ова прашање ги мачи научниците веќе подолго време. Но, се тврди дека конечно имаат одговор.
Во конечниот одговор им помогнаа честичките извадени од дното на Галилејското море.
“Во многу краток период во Бронзеното време, целиот свет наеднаш буквално се срушил”, вели Исраел Финкелстеин, археолог од универзитетот “Tel Aviv University”.
“Хетити, египетски фараони, Микејската култура во Грција, Кипар, империјата во Сирија, се само дел од многу градови кои наеднаш исчезнале, се со цел подоцна да бидат заменети со градови од новото (метално) време”, објаснува тој.
Никому не му беше јасно зошто всушност се случило тоа. Но новата технологија ги анализираше честичките, преку кои откри можност за разрешување на ова прашање.
Во прашање не се војни, природни катастрофи или болести како што досега се предпоставуваше. Во прашање е сушата. И тоа навистина долга и тешка. До овој заклучок дојдоа анализирајќи честички полен извадени од дното на Галилејското море, настанати во последните 9.000 години.
Точно во 13-ти век, пред нашата ера се намалува количината полен од растенијата од Медитеранското подрачје.
Ова тотално се вклопува со историските извори кои зборуваат за недостаток на житарици, прекинати тровски врски како и јавување на огромно незадоволство кај жителите.
Периодот на суша траел со години,и завршил со долго очекуваниот дождлив период кои овозможил понатамошен развој за цивилизациите од Медитеранот.
Извор: think.mkОва прашање ги мачи научниците веќе подолго време. Но, се тврди дека конечно имаат одговор.
Во конечниот одговор им помогнаа честичките изв