Многумина сметаат дека на милениците не им е место во спалната соба, дека ќе им го расипат сонот, но според оваа истражување тоа не е случајот.Доколку имате проблеми со сонот, можеби би требало да размислите за домашен миленик и даму дозволите да спиев во вашата соба или на вашиот кревет.
Новото истражување спроведено во клиниката Мајо во Аризона покажува дека дозволувањето милениците да спијат во иста просторија или на кревет, позитивно влијае на сонот не луѓето.
Во истражувањето учествувале 40 возрасни луѓе со нарушен сон, како нивните кучиња, а тоа траело епт месеци. Луѓето и кучињата редовно биле следени, односно нивните навики на сон. Било утврдено дека луѓето кои спиеле во соба заедно со милениците имале подобар сон.
Научниците наведуваат дека нема потреба милениците да бидат под прекривачот, доволно е да се во вашата соба или во подножјето на креветот. Доколку им дозволите да бидат под покривачот тоа може да има спротивен ефект.
Подобар сон е резултат на тоа што присуството на миленик во собата дава чуство на удобност и безбедност.
– Многу сопственици се раздвоени од своите миленици во текот на денот, така да сакаат да го надокнадат изгубеното време. Затоа можете да им дозволите да спијат во истата соба со вас, велат научниците.
Многумина сметаат дека на милениците не им е место во собата, но какво е вашето мислење?Доколку имате проблеми со сонот, можеби би требало да размислите за домашен миленик и даму дозволите да спиев во вашата соба или на вашиот кревет.