Што се случува навечер на Видиковец на Водно?

Многумина пред се млади Македонци, откако ќе завршат со забавата по скопските кафулиња, кафеани и дискотеки, решаваат да продолжат на познатото место на Водно, Видиковец од каде што ќе може да уживаат во прекрасната глетка на градот Скопје кој во тие доцни часови најчесто спие. 
Но, вистинското прашање е дали секој кој ќе заврши на Видиковец, целта му е да одмори и да избега од градскиот метеж, уживајќи во прекрасната глетка на целиот град? 
Факт е дека навистина постојат и такви луѓе, кои одат на Видиковец, Водно, за таа цел, но најчесто оние кои завршуваат таму е за да продолжат со пиење, лудување, да се истепаат убаво, без никој да им смета и да ги разделува, да конзумираат марихуана или други супстанци или пак да имаат секс, во автомобил, на место каде никој нема да смета и да ги види. 
Покрај тоа, по секоја веселба како што е матура или апсолвентска, младите сакаат да завршат на Видиковец и таму да ги дочекаат утрата, дали во прегратка на некој кој ќе им даде задоволство во тие моменти, дали во друштво на алкохолот и дрогата или едноставно во друштво на некој со кој разговорот им оди навистина „како подмачкано“. 
Како и да е, понекогаш причината и не е толку важна, за да се посети ова убаво место на преубавата скопска планина Водно. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Многумина пред се млади Македонци, откако ќе завршат со забавата по скопските кафулиња, кафеани и дискотеки, решаваат

Пронајдете не на следниве мрежи: