ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ХАЛИД БЕШЛИЌ: За 10 дена симнал 10 килограми

Последниве 4 години музичката легенда Халид Бешлиќ се бори со вишокот килограми, а благодарение на нутриционистот Џовани Кенан Мандра, успеа да ослебне 10 килограми за само 10 дена. Сега како што тврди, се чувствува многу подобро бидејќи разликата помеѓу 115 килограми, колку што имаше на почетокот на септември, и 105, колку што има сега, е навистина голема.Така наречената липосукциска исхрана по препорака на овој нутриционист, кој се школувал во Италија, ја пробале и бројни други познати личности од регионот – од актери до политичари, а Бешлиќ е еден од ретките кои јавно говорат за тоа. Поради своето здравје, но и подобар изглед, се откажал од старите навики и многу сериозно пристапил кон строгиот режим кој му го препишал Мандра.
– Во првата фаза ослабнав 10 килограми, имам намера да ослабам уште 10  и ќе биде доволно. Не било толку тешко. За среќа не трае многу долго. Си ја скратив исхраната која ја сакам, и пиев шејкови на база на сурутка. Така нешто не сум сигурен, се е тоа по италијанска рецепта и препорачано од Кенан. Ефикасно е, можеби нема да морам да продолжам со тоа, но сакам да се вратам на својата стара тежина, – вели Халид.
Пријателите на пејачот велат дека тој овие денови е и видно расположен…

 
Многу проблеми
– Се чувствувам одлично. Во тој период се случува и детоксикација на организмот и мене ми се чини дека би било најдобро кога човекот би можел да живее без храна. Кога би можело. Додека бев на диета се чувствував полесен, навистина, малку сум и порасположен, подраго ми е и кога треба да облечам нешто. Се ослободив од многу проблеми. Најлошо ми беше што не можев многу долго да одам. Половина километар, километар, и неможев повеќе, сега можам, – додава Бешлиќ.
Сопругата е на одмор од готвење
Халид пред 4 години одеднаш доби плус 25 килограми, кога престанал да пуши цигари. Потоа се трудел на разни начини да ги симне килограмите, но безуспешно.
– Ми се случуваше да симнам два килограми, но набрзо да се вратам на старо. Сакав да се напијам и по некое пиво. Тоа не оди заедно. Морав од нешто да се откажам. Ова сега испадна многу добро. Едноставно, кога слабеете, имате поголема желба да се вратите во вашиот стар конфекциски број. Првите 4 дена изгубив килограми, тоа е вишокот вода во нашиот организам. Мојата сопруга беше тие денови  на одмор, ништо не мораше да готви, низ смеа кажува Бешлиќ.  Така наречената липосукциска исхрана по препорака на овој нутриционист, кој се школувал во Италија, ја пробале и бројни други познати личности од р

Пронајдете не на следниве мрежи: