Што се случува во 30-тите години од животот?

Многу од нас мислат дека триeсеттите се одликување на сериозност и зрелост. Тоа и не плаши најмногу.. Но сепак, работите не се толку страшни…Др. Карин Л. Смитсон, физеотерапевт и колумнист на Хафингтон пост, опиша што навистина се случува во 30-тите години.
1. Ќе сфатите конечно кои навистина сте вие и зошто сте минале низ толку тажни моменти во животот. После тоа спознание, работите навистина стануваат полесни затоа што со тоа доаѓа и поголемо разбирање.
2. Ќе почнете интензивно да размислувате за тоа како да оставите некоја трага позади себе и изградите наследство. Ќе почнете да живеете за своите деца, заедницата, а можеби и за целиот свет. Накратко, ќе почнете да размислувате за другите, а не само за себе.
3. Во грижата за луѓето кои најмногу ги сакате ќе наоѓате најголемо задоволство, но и најголеми фрустрации. Тоа е единствено живот и ќе научите тоа да го прифатите.
4. Ќе чувствувате интензивен стрес поради што често ќе плачете. Ќе почнете да сфаќате зошто вашите родители ви зборувале за се што ви зборувале. Добрата вест е тоа дека тоа е стрес кој ќе ви помогне во вашето човечко созревање.

5. Малку ќе бидете во рамнотежа, па потоа ќе бидете во неравнотежа. И така тоа постојано ќе оди. Најпрво тоа ќе ве плаши, а потоа ќе сфатите дека животот така функционира. Нерамнотежата повеќе нема да ве плаши.
6. Полека ќе почнете да ја разбирате смислата на својот сопствен живот. Не се занесувате, потребен е цел живот за да се разбере смислата, но во 30-тите почнувате да „гребете по површината“ за вечната тема.
7. Во 30-тите некои луѓе ќе почнат да си заминуваат од вашиот живот и болно ќе почнете да сфаќате дека животот е минлив и дека луѓето кои сега ги имате покај себе, нема засекогаш да бидат тука. Ќе добиете увид во минливоста на животот
8. Ќе почнете да го гледате животот со поинакви очи. И светот ќе ви се чини како друго место. Ќе се чувствувате дека постои поширока слика од онаа која била оформена во вашата глава, а тоа ќе ве направи подобар човек.Др. Карин Л. Смитсон, физеотерапевт и колумнист на Хафингтон пост, опиша што навистина се случува во 30-тите години.
1. Ќе сфатите конечно

Пронајдете не на следниве мрежи: