Што шмркаат и пушат актерите во филмовите?

Наркотичните супстанци играат клучна улога во голем дел од филмовите и сериите. Ако некогаш сте гледале некој глумец како зема дрога, сигурно сте се запрашале: Што всушност тој зема?Постојат различни рецепти. До некои се доаѓа по пат на бројни експерименти, додека некои се пренесуваат од еден член на екипата на друг во текот на снимањето.
Ако за пример го земеме кокаинот -екипата може да користи комбинација од прашоци.
Доколку актерот треба да ја препродава оваа наркотична супстанца, или пак само да ја сече на ленти на масата, воглавно во прашање е пченкарен скроб, но морате во него да додете и малку бебешка пудра затоа што скробот е премногу леплив и тежок, тврди Џилијан Албински кој моментално работи на серијата Homeland.
Меѓутоа, доколку актерот мора да го исшмрка тој кокаин, тогаш е потребна сосема друга супстанца.
“Јас секогаш користам лактоза во прав”, тврди Мајкл Бејтс, кој работеше на филмот “Ужасни шефови”.
“Можете да шмркате од оваа супстанца и ништо нема да ви се случи. Тоа е исто како било кој друг млечен производ”, вели Бејтс и додава дека Колин Фарел немал никакви проблеми со овој вештачки кокаин.

 
Меѓутоа, честото конзумирање на било каков прашок може да доведе до затвор. Во тој случај, екипата во цефчето преку кое се конзумира кокаинот, ќе стави вазелин. Кога актерот ќе започне да го шмрка кокаинот, најголемиот дел ќе се залепи на сламката наместо да отиде во носот на актерот.
Рецептот за филмскиот хероин, е сличен со рецептот за кокаин.
Во голем дел од случаите кокаинот и хероинот изгледаат сосема идентично.
За хероин се користи мешавина од млеко во прав и витамински прашок.Во сцените кога хероинот се става во носот, се користи шеќер и сода бикарбона.
Во сцените во кои дрогата се вбризгува во телото се користат посебни игрли. Кога тапиот врв на иглата ќе дојде во допир со кожата, таа се вовлекува во шприцот, оставајќи ни илузија дека таа влегува во кожата.
Покрај хероинот и кокаинот, во филмовите се користи ии канабис, како и екстази.
Замената на канабисот најчесто е барана во обичните продавнички, односно замена за канабисот представува ориганото. Екстазите најчесто се посебно изработени таблети од шеќер со посебно лого на нив.Постојат различни рецепти. До некои се доаѓа по пат на бројни експерименти, додека некои се пренесуваат од еден член на екипата на друг во текот на

Пронајдете не на следниве мрежи: