Што стана со дискотеките во Скопје?

Кога помислувавме на ноќен живот пред отприлика 5 години, помислувавме на добра музика и атмосфера, по некоја пијачка и големо друштво. „Colosseum” беше место каде уживавме во квалитетна диско музика. Во „Havana“ се опуштавме со некое пиво на македонски рок бенд. Во „Hard Rock“ се дружевме со кремот на Скопје. А во „Midnight” шизевме на латино.
Она што во суштина беше најважно беше да се собере друштво во што поголем број, да се посети некое опуштено место пред диско, за покасно да го опседнеме подиумот во некој локал и едноставно да си поминеме убаво.
За забавата дознававме од другар, менаџер на дискотеката кој често ни делеше гратиси и нè организираше да одиме заедно. Имавме избор на музика, на атмосфера, на цена на влезница.
Денес, забавите кои се случуваат низ дискотеките се единствена тема на муабет. На твојот мобилен телефон, на ТВ, на Фејсбук, насекаде. Постојано се рекламира нешто што веќе и се научивме да го избегнуваме, поради тоа што знаеме дека е лошо реклама на нешто што постојано се повторува. Тука е и најголемиот проблем со денешниот ноќен живот. Вчера не се разликува од денес, ниту пак утре од задутре. Музиката која се нуди по нашите клубови е релевантно иста, на некои места дури и во ист редослед. Атмосфера ја уништуваат огромниот број на малолетници кои понесени од таков тренд создаден од менаџерите за полнење на дискотеките, стануваат алкохоличари на млади години, за цена на популарност. Сакам да кажам дека денес покрај тоа што изборот е скоро и непостоечки,  најважното нешто е да бидеш виден, а богами и сликан и ставен на некоја од веб страниците за подоцна да можеш да ја објавиш сликата на твојот Фејсбук профил  и сите да дознаат каде си шетал викендот. Воглавно, за да се има тема на муабет.Кога помислувавме на ноќен живот пред отприлика 5 години, помислувавме на добра музика и атмосфера, по некоја пијачка

Пронајдете не на следниве мрежи: