Што треба да јадете доколку имате проблеми со сонот?

Вашата исхрана која ја внесувате преку целиот ден делува на вашиот сон.Докторката Кејт Ром Блеу преку истражување ја покажува врската помеѓу храната и квалитетот на сонот.Појадок:
За добро да спиете:
Омлети од зеленчук, јогурт и бобинки, овошје и ореви ( лешници, бадеми, кикирики), зелен чај, а избегнувајте пржени компири палачинки,масно свинско месо,сок кафе.
Причина:
Посните протеини, сложените јаглехидрати, растворливите влакна го стабилизираат сонот.
Ручек:
Јадете интегрални сендвичи или пита, салати со грав, авокадо семки ( сусам, сончоглед, лен), печурки и овошје, а избегнувајте пушено и преработено месо, бел леб, помфрит,рафинирано брашно,тестенини и колачи.
Причина:
Есенцијалните хранливи материи доаѓаат од сендвичи полни со здрави состојки, а не од рафинираниот леб.Хранливите материи од здравиот ручек ги елиминираат големите потреби од храна подоцна во текот на денот.
Вечера:
Земете морска храна, зеленчук или ориз, производи од соја, салати со леќа,наут, јајца, ореви и семки, а избегнувајте зачинета храна, сирење,домати, компири, неинтегрални тестенини,сол.
Причина:
Во комбинација со храна богата со јаглени хидрати триптофанот ( природен седатив кој се наоѓа во морската храна ) се претвора во серотонин и предизвикува поспаност.
Десерти и ноќни оброци
Земете пуканки, овесни колачиња,банани и јогурт или путер од кикирики,цреши, брокула,грејпфрут, житарици со млеко од соја, а избегнувајте млечно чоколадо,бонбони, газирани сокови,чипс, женшен чај, сокови.
 
Причина
Јаглените хидрати го намалуваат нивото на шеќер во крвта.Со сложени јаглехидрати и протеини мозокот може да произведува мелатонин со користење на триптофан што доведува до подобро спиење.Алкохолот може да предизвика спиење но и да го наруши.
 Извор: najadise.mkПојадок:
За добро да спиете:
Омлети од зеленчук, јогурт и бобинки, овошје и ореви ( лешници, бадеми, кикирики), зелен чај, а избегн

Пронајдете не на следниве мрежи: