Мислите дека вашиот брак ќе биде вистинска идила? Стручњаците откриваат дека и најскладните парови во првата година од бракот ги очекуваат изненадувања и шокови.Љубовни килограмиИако повеќето девојки пред венчавката се на диета за да изгледаат што подобро, многу е веројатно дека по медениот месец ќе се опуштат. Освен што ќе ги вратат изгубените килограми, ќе добијат и нови.
Нормално е младенците да качат некое кило по венчавката. Дајте си зелено светло и уживајте во својот нов живот и храната која што доаѓа со него. Сепак, немојте да претерувате.
Ќе имате помалку свои пријателиДодека сте биле „соло“, сте имале голем број пријатели, но некои ќе ги снема од сцената откако ќе запловите во брачните води.
Немојте да се грижите, вашите најблиски пријатели ќе бидат покрај вас, особено ако малку се потрудите околу тоа.
Сексуалниот живот нема секогаш да биде активенПо медениот месец и враќањето во секојдневието, ќе ви се случува повеќе да саакте да гледате телевизија отколку било што друго да работите, вклучувајќи го и водењето љубов. И така ќе помине и цела недела без да водите љубов, а тоа да не сте го забележале.
Студиите покажуваат дека оние што се во брак имаат повеќе секс и дека им е подобар отколку на оние што се „соло“.
Таа мие садови, а тој поправа низ дома
По венчавката многу парови влегуваат во клишеа, па така често пати жените ја преземаат грижата околу садовите и алиштата, а мажите околу домашните поправки.
Ако сакате да ја поделите грижата околу домашните обврски, направете план за кој мислите дека ќе биде најдобар за двајцата. Студиите покажуваат дека сите се среќни кога улогите се јасно дефинирани и правилно распоредени.
Имате две плати, а често пати сте без париИако на паровите кои пред брак не живееле заедно им се чини дека ќе имаат помалку парични проблеми кога ќе започнат живот во двојка, тоа е сепак илузија. Потребите тогаш се зголемуваат, па така повеќе не е доволен само кауч, туку треба и двосед.
Но немојте да се грижите, инвестицијата со време ќе се исплати.
Слободно време и за пријателиИако вашиот сопруг/сопруга ви е најдобар пријател, тој/таа нема да бидат и вашите единствени пријатели.
Излезете со вашите пријатели. Дајте си слободен ден или ноќ и вашиот брак ќе биде подобар.Љубовни килограмиИако повеќето девојки пред венчавката се на диета за да изгледаат што подобро, многу е веројатно дека по ме