Што вели пророштвото: На 28. септември ќе дојде до поплави и земјотреси поради Супермесечината?!

Оваа есен, Месечината истовремено ќе биде и најтемна и најсветла годинава. Рано наутро на 28. септември, Месечината ќе се најде во точката од траекторијата која ќе ѝ биде најблиску на Земјата, ќе биде многу голема и затоа се нарекува Супермесечина.Поради близината ќе свети многу силно, но набрзо потоа постепено ќе исчезнува. Целосното затемнување ќе се случи само еден час од нејзиниот најсјаен момент, кога Земјината сенка во потполност ќе ја затемни Месечината.
Во текот на затемнувањето, жителите на Земјата ќе сведочат и на тн. крвава Месечина, односно феноменот кога затемнетата Месечина рефлектира црвена или портокалова боја како резултат од одбивањето на Сончевата светлина од Земјината атмосфера.
Многумина се уверени дека Месечината и нејзината поврзаност со Сонцето донесува плима и поплави, но и земјотреси и ерупции на вулкани. Оние коишто веруваат во „пророштвото на крвавата Месечина“, тврдат дека ќе дојде до апокалипса.
Но, експертите тврдат дека нема причина за загриженост: плимата ќе биде повисока од нормалното, но само до пет центиметри повисока од највисоките плими во последните дваесет години.Поради близината ќе свети многу силно, но набрзо потоа постепено ќе исчезнува. Целосното затемнување ќе се случи само еден час од нејзиниот најсјае

Пронајдете не на следниве мрежи: