Што ветува Игор Џамбазов за 1-ви ноември?

По повод 50-от роденден, јубилејни 40 години телевизиска кариера, 30 години од првата професионална театарска улога и 20 години од првиот музички албум, Игор Џамбазов најавува големо мултимедијално шоу. Со оглед на тоа што 50-те години живот ги прославува пет месеци подоцна, ако може, како што вели, ова да го нарече живот, Игор на хумористичен начин ја оправда целата ситуација: Ако можат “Мајски оперски вечери” да се одржуваат во април и “Струшки вечери на поезијата” во Скопје, тогаш зошто јас не можам да го прославам роденденот пет месеци подоцна, кога правам едно досега невидено шоу”.
Со оглед на тоа, како што вели, веќе се е подготвено за концертот и е среќен што досега не се случило билетите да се продаваат во толкав број само неколку денови од нивното пуштање во продажба, Игор вети незаборавно и досега невидено шоу.
Тој и официјално го потврди присуството на колегите од естрадата – Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Влатко Илиевски, Пере и Франц Нокаут, Димитар Андоновски, Хорот Златно Славејче под диригентската палка на неговиот татко Александар Џамбазов, како и многу други пејачи и колеги меѓу кои го спомена и присуството на Тони Михајловски, Сашко Коцев, Раде Шербеџија..

Меѓу другото Игор потсетува дека на влезот на концертот чии врати ќе бидат отворени од 20 часот, ќе се продаваат и неговите три книги, како и прирачникот за антиалкохоличари и тоа по пристапни и промотивни цени.
За разлика од досега многуте најавени “спектакли” кај нас кои завршиле како обични селски приредби, Игор ветува само едно – Љубов! Многу љубов од сцената кон публиката и обратно. Концертот во режија на Бојан Трифуновски е планирано да трае околу три часа. 
Извор.ВечерСо оглед на тоа што 50-те години живот ги прославува пет месеци подоцна, ако може, како што вели, ова да го нарече живот, Игор на хумористичен начи

Пронајдете не на следниве мрежи: