Што значат македонските имиња и кое е најчестото име во Македонија?

Loading...

Во Ма­ке­до­ни­ја жи­ве­ат 1.031.926 ма­жи. Од нив не­ка­де око­лу 800.000 се Ма­ке­дон­ци. Од нив ду­ри 23.510 го но­сат име­то Але­ксан­дар. Тоа би зна­че­ло де­ка се­кој 35. Ма­ке­до­нец се ви­ка Але­ксан­дар. Зо­што Але­ксан­дар е на пи­е­де­ста­лот ве­ќе со го­ди­ни на­на­зад?„Мо­е­то де­те има се­дум го­ди­ни. Го до­би име­то Але­ксан­дар пот­тик­на­то, пред сѐ, од на­ци­о­на­ли­зам и од тра­ди­ци­ја. Ко­га се ро­ди Але­ксан­дар жи­ве­ев во Ав­стра­ли­ја. Се мис­лев­ме ка­кво име да му да­де­ме. Има­ше су­ге­стии да би­де аме­ри­кан­ско име, ка­ко Џон. Во вре­ме ко­га сѐ што е ма­ке­дон­ско се не­ги­ра, во вре­ме ко­га ни не­ги­ра­ат име, иден­ти­тет, исто­ри­ја, ре­шив да ста­вам ма­ке­дон­ско име со тра­ди­ци­ја. Не­ка­ко се на­мет­на Але­ксан­дар, веч­на­та те­ма за де­ба­та – да­ли Але­ксан­дар бил Ма­ке­до­нец. Да, Але­ксан­дар е Ма­ке­до­нец и име­то е ма­ке­дон­ско“,  ве­ли Не­над Ди­мов­ски, кој по се­дум го­ди­ни жи­вот во Ав­стра­ли­ја се вра­ти на­зад во зем­ја­ва.
Нас­про­ти из­ја­ва­та за истак­ну­ва­ње на на­ци­о­на­лиз­мот пре­ку име­то Але­ксан­дар, скоп­јан­ка­та Ма­ри­ја Или­ев­ска ве­ли де­ка ова име во нив­на­та фа­ми­ли­ја се пров­ле­ку­ва од ге­не­ра­ци­ја на ге­не­ра­ци­ја.
„Во се­ко­ја ге­не­ра­ци­ја има­ме по еден Але­ксан­дар. Тоа е тра­ди­ци­ја со го­ди­ни во се­мејс­тво­то на мо­јот со­пруг. Мо­јот син се ви­ка Але­ксан­дар, све­ко­рот е Але­ксан­дар, де­те­то на зол­ва ми е Але­ксан­дра. Не­кој од де­дов­ци­те на мо­јот со­пруг е Але­ксан­дар. Не­ка­ко се на­мет­ну­ва име­то и не са­ка­ме да ја пре­ки­не­ме на­ша­та тра­ди­ци­ја. Ду­ри и мо­ја­та вну­ка од ќер­ка­та се ви­ка Са­ша, ка­ко не­ко­ја ва­ри­јан­та од име­то Але­ксан­дар“,  ко­мен­ти­ра таа.
 

 

Зна­че­ње­то на ими­њата
Ма­ри­ја
… ла­тин­ско, но и евреј­ско по­тек­ло. Спо­ред ла­тин­ско­то по­тек­ло зна­чи мор­ска ѕвез­да, а спо­ред евреј­ско­то по­тек­ло мож­но да зна­чи: бун­тов­ниш­тво, мо­ре од гор­чи­на. Нај­поз­на­та но­си­тел­ка на име­то е Ма­ри­ја, мај­ка­та на Исус Хри­стос.
Але­ксан­дар
… Бра­ни­тел на лу­ѓе­то, за­штит­ник на лу­ѓе­то, во­ин. Има ка­нон­ско по­тек­ло и е ко­ва­ни­ца од гла­го­ли­те alexo – за­шти­ту­ва, бра­ни и имен­ка­та andros – чо­век. Нај­поз­нат но­си­тел на име­то е Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски.
Пав­ле Ми­лен­ков­ски е скоп­ја­нец вљу­бе­ник во исто­ри­ја­та. Одре­де­ни слу­чу­ва­ња во не­го­ви­от жи­вот не доз­во­ли­ле тој да ги за­вр­ши сту­ди­и­те по исто­ри­ја, но тоа не ја на­ма­ли­ла не­го­ва­та љу­бов кон исто­ри­ја­та. Си ве­тил де­ка не­го­ви­те де­ца ќе ги но­сат ими­ња­та на, ка­ко што ве­ли, ан­тич­ки­те Ма­ке­дон­ци, Фи­лип и Але­ксан­дар.
„Уште пред да се оже­нам зна­ев де­ка мо­и­те де­ца ќе но­сат ими­ња на исто­ри­ски­те лич­но­сти Фи­лип Вто­ри и Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски. Се ро­ди син ми и се зна­е­ше де­ка ќе би­де Фи­лип. Иа­ко по­тај­но по­са­ку­вав втор син, до­бив ќер­ка. Но тоа не бе­ше проб­лем да оста­нам на тоа што си го ве­тив. Таа се ви­ка Але­ксан­дра. И ко­га би се вра­ти­ло вре­ме­то, пак би ги ста­вил исти­те ими­ња, без раз­мис­лу­ва­ње“,  ве­ли не­су­де­ни­от исто­ри­чар.
Ка­ко Бру­но и Ла­на ста­наа Але­ксан­дар
 

По­ра­неш­ни­от пра­те­ник во ма­ке­дон­ско­то со­бра­ние, Иван Ана­ста­сов­ски, кој де­не­ска ра­бо­ти ка­ко про­фе­сор на Фа­кул­те­тот за фи­зич­ка кул­ту­ра, на сво­и­те де­ца им да­де не­во­о­би­ча­е­но пре­зи­ме за на­ше­то под­неб­је – Але­ксан­дар.
 
„За раз­ли­ка од убед­ли­во­то мно­зинс­тво во Ма­ке­до­ни­ја, ние се вбро­ју­ва­ме во ре­дот на аван­гард­но се­мејс­тво, кое, се­пак, се оби­ду­ва да ги одр­жу­ва тра­ди­ци­о­нал­ни­те вред­но­сти. При­каз­на­та за тоа де­ка пре­зи­ме­то на на­ши­те де­ца е не­ти­пич­но за на­ши­те про­сто­ри, раз­го­ва­рај­ќи во кру­гот на се­мејс­тво­то, дој­дов­ме до зак­лу­чок де­ка де­до­то мој но­сел пре­зи­ме Мил­ков­ски, мо­и­те ро­ди­те­ли и ние Ана­ста­сов­ски, дел од мо­е­то по­ши­ро­ко се­мејс­тво е Ата­на­сов­ски и тоа би­ло нор­мал­но за нас. Гле­дај­ќи на тој на­чин, утвр­див­ме де­ка е вре­ме по вто­ро­то ко­ле­но по­втор­но да го про­ме­ни­ме пре­зи­ме­то, а со тоа да го за­др­жи­ме име­то на мо­јот ро­ди­тел Але­ксан­дар. По не­ко­ја ло­ги­ка за овие про­сто­ри тре­ба­ше да до­да­де­ме (ски) и со тоа де­ца­та ќе беа Але­ксандр(ов­ски), што, искре­но, не ни зву­че­ше уба­во. И во ед­на по­дол­га кон­сул­та­ци­ја ,се­пак, нај­при­фат­ли­во за нас бе­ше да оста­не име­то на мо­јот ро­ди­тел на пре­зи­ме­то кај мо­и­те де­ца Бру­но и Ла­на Але­ксан­дар. Што, мо­рам да приз­нам, пред 11 го­ди­ни на лу­ѓе­то им зву­че­ше на­луд­ни­ча­во, ама се на­вик­ну­ваа, и од оваа вре­мен­ска истан­ци­ја тоа ќе ста­не по­мо­дарс­тво, кај нас, се­пак, е за­др­жа­на не­ко­ја тра­ди­ци­ја, ко­ја ја об­јас­нив по­го­ре“, ни из­ја­ви Ана­ста­сов­ски.

 
Според податоците од ДЗР во земјава само 80 лица го носат презимето Александровски, а 127 Македонци се презиваат Александров.

Со­ци­о­ло­зи­те ве­лат де­ка кај Ма­ке­дон­ци­те се по­ја­ву­ва иде­ја­та де­ка се гор­ди што се пра­вос­лав­ни, а уште по­ве­ќе де­ка не се при­пад­ни­ци на не­ко­ја дру­га ре­ли­ги­ја или ет­нич­ка гру­па, по­ра­ди што се вра­ќа­ат ма­ке­дон­ски­те тра­ди­ци­о­нал­ни ими­ња.
Зо­ран Ма­тев­ски, про­фе­со­рот по со­ци­о­ло­ги­ја на ре­ли­ги­ја­та, во ед­на при­го­да из­ја­ву­ва:
– Ма­ке­дон­ци­те се вра­ќа­ат кон на­ци­о­нал­ни­от и кон ре­ли­ги­ски­от иден­ти­тет. Ка­ко одраз на тоа пре­поз­на­ва­ње се да­ва­ат ими­ња што мо­же да се нај­дат во пра­вос­лав­ни­от ка­лен­дар на МПЦ-ОА. Ова вре­ме на оп­штес­тве­ни и на по­ли­тич­ки кри­зи, ка­де што се пра­ват по­ли­тич­ки и ет­нич­ки по­дел­би, при­до­не­су­ва лу­ѓе­то се­ко­гаш да се вра­ќа­ат кон ре­ли­ги­ја­та, ко­ја им да­ва не­ко­ја си­гур­ност. За­тоа, пре­ку да­ва­ње ма­ке­дон­ски пра­вос­лав­ни ими­ња, са­ка­ат да по­ка­жат де­ка се ди­рект­ни нас­лед­ни­ци на пра­вос­ла­ви­е­то. Оваа по­ја­ва е нор­мал­на за­што бро­јот на убе­де­ни (обра­зо­ва­ни) вер­ни­ци е по­рас­нат.

Се роди Ка­та­стро­фа
Скоп­јан­ка­та Ка­та­стро­фа жи­вее на Скоп­ска Цр­на Го­ра, а при­каз­на­та е де­ка е пет­то жен­ско де­те во се­мејс­тво­то, по­ра­ди што та­тко ѝ ре­шил да ѝ ста­ви име Ка­та­стро­фа… Пла­нин­ка, Лим­ба, Кри­су­ла, Лу­стер­ко, Кај­мач­ко, Раз­ви­гор­чо, Бра­ни­род, Ла­ки­ра­де, Бу­дим­ка, Ли­мен­ка… – ова се ими­ња што, на­ви­сти­на, по­сто­јат во Ма­ке­до­ни­ја. По­ра­но се ста­ва­ле и ими­ња ка­ко Жи­во­ин, Вој­на, Прав­да… Пред пет­на­е­се­ти­на го­ди­ни се ста­ваа Ка­сан­дра, Ран­ду, сле­ду­ваа Онур, Ше­хе­ре­зад, сво­е­вре­ме­но хит бе­ше Сан­до­кан… ова ве­ќе е ста­ро и до­бро поз­на­то.
          Ма­шки:

Ка­мен­ко, Ка­ран­фил­ко, Бра­ни­род, Пла­мен­чо, Ме­то­ди­ко, Га­лап­чо, Кај­мак­чо, Раз­ви­гор­чо, Ла­ки­ра­де, Лу­стер­ко
 
Жен­ски:
Раз­мен­ка, Ну­ца, Га­ла­бин­ка, Со­ки­ца, Ду­ка­дин­ка, Ка­на­рин­ка, Ма­рул­ка, Ми­сир­ка, Ли­мен­ка, Тра­ктор­ка
 
Во мо­да е да се ста­ват ими­ња што ни са­ми­те ро­ди­те­ли не мо­жат да ги за­пом­нат од пр­ва… Ма­леа, Ка­е­ли­ок, Ве­га…
 
Во зем­ја­ва има и чо­век што не е ро­ден ту­ка, но жи­вее ту­ка. Се ви­ка Гос­под…

 
Ет­но­ло­зи­те, пак, ве­лат де­ка по­ра­но лу­ѓе­то ги кр­шта­ва­ле де­ца­та по име­то на ба­ба­та и на де­до­то за да се знае од ко­ја фа­ми­ли­ја по­тек­ну­ва­ат. Не­ре­тко, до­да­ва­ат тие, им да­ва­ле ими­ња по не­кој што е ус­пе­шен на по­ве­ќе по­ли­ња во се­ло­то. Мис­ле­ле де­ка са­мо­то име га­ран­ти­ра ста­тус на ус­пеш­ност. За нив тој иден­ти­тет зна­чел си­гур­ност и тоа се ви­ка ин­ди­ка­тив­на ма­ги­ја. Ве­ру­ва­ле де­ка нив­но­то де­те ќе ги нас­ле­ди спо­соб­но­сти­те на тој ус­пе­шен чо­век. Исто е и со ста­ва­ње на ими­ња на исто­ри­ски лич­но­сти, ка­ко Мар­ко од Кра­ле Мар­ко, Са­му­ил, Але­ксан­дар, Фи­лип, Го­це, Ја­не… Ако пр­во­то де­те им по­чи­не и не­ма­ат по­род, де­ца­та ги кр­сте­ле Трај­че, Сто­јан, Трај­ко за да тра­ат. Да­ва­ле име Здра­вка за да би­де здра­ва. Се­га се вра­ќа­ат по­ве­ќе на ста­ри­те ма­ке­дон­ски ими­ња, кои ги има во пра­вос­ла­вен ка­лен­дар. Ако де­те­то се ро­ди на праз­ник, или еден-два де­на пред или по праз­ни­кот му да­ва­ат име на све­те­цот и ве­ру­ва­ат де­ка ќе го шти­ти. Та­ков е при­ме­рот со име­то Ни­ко­ла, ако се ро­дил на Све­ти Ни­ко­ла.
 
Во зем­ја­ва има 4.249 ли­ца што се ви­ка­ат Мар­ко. Име­то Са­мо­ил по­ле­ка ис­чез­ну­ва. Спо­ред ста­ти­сти­ка­та 101 Ма­ке­до­нец го но­си ова име. Ка­ко Го­це во ре­ги­ста­рот се за­ве­де­ни 6.439 Ма­ке­дон­ци, а сѐ уште е акту­ел­но име­то Ни­ко­ла – 15.728.
 
Извор. Република.мк
 „Мо­е­то де­те има се­дум го­ди­ни. Го до­би име­то Але­ксан­дар пот&

loading...
Loading...