Стојанова: ВМРО- ДПМНЕ работеше на унапредување на здравството, а така ќе продолжи и понатаму

ВМРО-ДПМНЕ досега работеше на унапредување на здравствениот ситем, а ќе продолжи и понатаму, без разлика што сега е во опозициска положба. Ова на денешната панел-дискусија во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Единствени кои инвестираат во здравството“ го изјави Дафина Стојанова од ВМРО-ДМНЕ.
Таа потсети дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон за лекарската дејност.
– Со овој закон би се уредиле условите, односно организацијата и начинот на вршење на докторската дејност, правата и должностите на докторите. Исто така, ќе се врши контрола на докторската дејност, како и вреднување на докторскиот труд. Со овој закон исто така е опфатена и лиценцата за работа, на докторите на медицина, односно нејзиното издавање, продолжување, одземање или прекин на нејзиното траење, истакна Стојановска.
Таа во делот за вреднување на доктроскиот труд, истакна дека тоа е новина, односно дека висината на платата ќе се одредува според колективен договор.
– Предвидено е платата за лекарите специјалист да биде непомалку од висината на четири и пол просечни месечни плати, сметајќи ја за просечна плата – платата од март 2017. година, што во денари не би изнесувало не помалку од 100 илјади денари, додека за општите лекари, да биде платата не помалку од 2 и пол просечни месечни плати, или не помалку од 56 илјади денари, посочи Стојанова.
Според неа, покрај вреднувањето на докторскиот труд, од огромно значење во овој закон е воведувањето на загарантирана минимална плата која што ќе важи за сите лекари на ниво на Република Македонија.Ова на денешната панел-дискусија во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Единствени кои инвестираат во здравството“ го изјави Дафина Стој

Пронајдете не на следниве мрежи: