Столче на маса

Loading...

И кај што самите не знаат што се, со сопствената забуна, односно интерес во умот создаваат смут позиција и меѓу граѓаните. Не знаеме кои се и што се, не знаеме како да ги третираме, а тие упорно зборуваат во наше име? Пародија. За нив знаеме само дека се шарени. И тоа е, всушност, најголемата вистина за нив. Шарените одржаа прес-конференција пред Делегацијата на ЕУ на која побараа од странскиот фактор во земјата да излобира во нивно име и исклучиво за нивни интереси столче на преговарачката маса. И сега навистина не е јасно што се шарениве. Дел ли се од граѓанскиот сектор во земјата, како што официјално се претставуваат, и по која основа инкасираат суми од странски проекти и грантови за граѓански здруженија од кои на човек му запира здивот, или се политичка партија во обид. Што се шарениве? Дека се шарени ни е одамна јасно, туку граѓанско здружение ли се, или политичка партија. Или се и двете, па зависно од потребите се приклонуваат час кон едното, час кон другото. Кога треба да аплицираат за грантови и проекти од странците се граѓанско здружение. Кога им се отвора можноста за влез во политиката и приграбување политичка функција молњевито се префрлуваат на другата страна претставувајќи се како „релевантен политички соговорник“, кој истовремено е и носител на бројни граѓански проекти!?
Навистина се чудо од деца. Паметни, ем мудри да злоупотребат позиција, да манипулираат со граѓаните, да искористат сé што може да се искористи.
Народот за оваа нивна игра има и точно име. Името е сирена, игра на личности кои час се претставуваат како риба, час како девојка, малку граѓанско здружение малку политичка партија, зависно од моменталните лични потреби и интереси. Кога треба да се дограбаат до илјадниците евра странски грантови се претставуваат како заштитници на цивилното општество и на граѓаните (тешко нам!). Кога им замирисуваат политичките функции, веднаш се престројуваат на другата страна глумејќи големи политичари (повторно, тешко нам!).
И кај што самите не знаат што се, со сопствената забуна, односно интерес во умот создаваат смут позиција и меѓу граѓаните. Не знаеме кои се и што се, не знаеме како да ги третираме, а тие упорно зборуваат во наше име? Пародија. За нив знаеме само дека се шарени. И тоа е, всушност, најголемата вистина за нив. Вистина која ја разобличува целата нивна филозофија на делување. Сé што се тие се открива преку името, шарени. Тоа е знак за нивна самоидентификација, знак кој гордо го носат и со кој уште погордо се претставуваат. Шарени во филозофијата, шарени во позицијата, шарени во делувањето. Седнати на две шарени столчиња. Ама изгледа никој не им кажал дека седењето на две столчиња не е можен процес на подолг период. На крај ќе мора да одберат што се. Ако се граѓанско здружение, или форма на некаков граѓански активизам, тогаш нека си останат доследни на граѓанското и нека не се мешаат во политичкото. Политиката ја водат и ја вршат политичките партии како регистрирани политички субјекти, кои имаат програма (барем оние сериозните) и статут на политичко делување, за кои избирачите избираат дали ќе бидат власт или опозиција во системот.
Впрочем, и не случајно, политичката теорија прави разлика меѓу политички партии, од една, и интересовни (граѓански) групи и здруженија, од друга страна. Партиите се тие кои учествуваат на избори и кои се борат да ја освојат власта, или ако ја имаат освоено се трудат да ја задржат што е можно подолго време. За разлика од партиите, граѓанските здруженија се борат да ги остварат граѓанските интереси и потреби за кои се формирани. Тие можат да вршат влијание на партиите за целосно реализирање на нивните потреби, но не можат да бидат власт. Ако сакаат да бидат власт, треба да излезат на избори преку независни пратенички листи и да освојат доволно мандати за да можат да учествуваат во власта. Во спротивно, тие не можат да се сметаат за власт, ниту можат да бараат столче на преговарачката маса за прашања поврзани со власта.
Граѓанските организации немаат за цел директно учество во власта. Таквите нивни барања се злоупотреба на позицијата во системот. Столчето на преговарачката маса се „заработува“ на избори. Избирачите се тие што ти даваат столче, а не странците, ниту пустата желба за власт. До столче на преговарачката маса не се стигнува преку одржување прес-конференции, па нека е и пред зградата на Делегацијата на ЕУ. До столче не се стигнува ни преку илјадници испратени писма до европските институции со кодошки текстови против сопствената земја. Не се стигнува ниту со плачење, ниту со цимолење во амбасадите, ниту со коленичење пред амбасадорите, вовлекување под панталоните и сукњите на странскиот фактор. До столче на преговарачката маса не се стигнува ниту со секојдневно вршење на молерско-фарбарски услуги во име и за сметка на туѓи интереси и есапи. Не се стигнува ниту со блуење невидена омраза и злоба кон сопственот народ, ниту со тужи-бабски церемонии, ниту со уништување и сквернавење национални споменици и обележја, со негирање на сопствената историја, традиција и идентитет.
Столчето се заработува кај граѓаните. Избирачите се единствениот фактор што те става или те вади од секоја политичка маса, па и од преговарачката. Затоа, шарени, ако сакате да станете легитимен политички фактор во земјата, засукајте ги ракавите, и сработете нешто во интерес на државата. Едно добро дело за државата може да ве донесе до посакуваното место.
Секако, прво да се видиме на избори…
 
Тања Каракамишева-ЈовановскаШарените одржаа прес-конференција пред Делегацијата на ЕУ на која побараа од странскиот фактор во земјата да излобира во нивно име и исклучиво за н

loading...