Странска амбасада преку Апелација се обидела да му помогне на Заев за локалните избори

Апелациониот суд од Скопје ја одби жалбата на одбраната на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, со која се бараше да се укине одлуката за мерките за претзливост донесена од Основниот суд. Ваквата мерка беше донесена по барање на Специјалното јавно обвинителство, иако експертите сметаат дека нема никаква логична ниту правна издржаност за да се донесе одлука за одземање на патните исправи, пишува Република.Извори од скопска апелација за „Република“ велат дека Судот бил под невиден притисок како од СЈО така и од власта и од претставници на едно странско дипломатско претставништво во земјава. Дополнително во таа насока бил и притисокот на медиумите под контрола на партијата на власт и СОРОС кои се обидуваа да дадат поинаков правец на фактичката состојба, односно пренесоа дека СЈО е одбиен за барањето притвор, за кое немаше тотално никаква смисла или докази врз основа на кои би донел таква одлука.

Ова е класичен обид да се притиска судтсвото со максимални барања за притвор, па доколку успеат дотолку подобро за сценариото, но во секој случај да се направи штета врз ВМРО-ДПМНЕ. Притворите треба да го кренат рејтингот на СЈО, да го направат респектибилна институција која е способна да влева страв кај сите кои се предмет на прогон на ова Обвинителство. Од друга страна јавноста би добила впечаток дека монтираните случаи се кредибилни и поткрепени со докази.
Отстранувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговите луѓе им е потребна за полесно остварување на зацртаните политички цели и срамните чекори кои владата на Зоран Заев треба да ги преземе. Одлуките на Апелациониот суд треба да влијаат и врз локалните избори. Секоја одлука за притвор требаше да биде искористена и за одлагање на локалните избори, во смисла дека СДСМ великодушно ќе и излезеше во пресрет на ВМРО-ДПМНЕ да ги одложи изборите за средината на следната година со образложение „опозицијата да се консолидира“.
Се разбира, одржувањето на локалните избори зависи од надворешната поддршка која СДСМ ја очекува и ја договара. Доколку раководството биде убедено дека може да смета на контингент гласови во тој случај би се активирала втора опција, односно да има локални избори и да се победи обезглавената ВМРО-ДПМНЕ. Проценката кое од овие две опции би ги спровеле би зависело од атмосферата во дадениот момент, надворешната поддршка и менаџирањето со актуелните политички теми.
 
 Извори од скопска апелација за „Република“ велат дека Судот бил под невиден притисок како од СЈО така и од власта и од претставни

Пронајдете не на следниве мрежи: