Макроекономска стабилност, ниски трошоци за бизнис, ниска задолженост, ниски даноци, технолошко индустриски зони кои нудат одлични можности за работење на компаниите, пристап до голем пазар преку потпишаните договори за слободна трговија, доброто функционирање на институциите.Како и поддршката што Владата ја дава на компаниите кои сакаат да инвестираат, се дел од предностите кои владините министри заедно со премиерот Никола Груевски, години наназад им ги претставуваат на заинтересирани инвеститори во светот, анализира Лидер.
Од 2011 година, од кога почнаа роуда шоуата, преку 2.000 компании слушнале за инвестициските можности на Македонија. Агресивната владина турнеја низ светот за привлекување странски инвестиции веќе резулатираше со низа фабрики отворени не само во Бунарџик, туку и во слободните економски зони ширум земјава. Во Бунарџик во моментот функционираат Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Ван Хол, Текнохозе, Кемет електроникс и Протек груп.
Според најавите, наесен и турски Менсан ќе ги удри темелите на својата фабрика во Бунарџик.
Во Кавадарци, германската компанија Дрекселмајер веќе работи турбо, во Штип, Џонсон Контролс го отвори и вториот погон, а во Битола Кромберт и Шуберт ита кон достигнување на бројката од 2500 вработени. Лани, во Демир Хисар стартуваше и руската Гришко, која веќе вработи 80 а планира да стигне до вкупно 300 луѓе.
Премиерот Груевски, во интервју за емисијата Бизнис365 на МТВ, вели дека роуд шоуата се само еден сегмент од привлекувањето инвестиции, кои досега дале најголем резултат.
„ Имаме роуд шоуа организирани од Фајненшл Тајмс, роуд шоуа без нив, организирани во двојки кои одат директно во компании, и она најважното, одење на еден министер кај главниот (CEO )на компанијата. Ние како Влада сфативме дека од седење дома и чекање инвеститорите сами да додјат нема фајде, затоа ги зедовме куферите во рака и од компанија на компанија тргнавме. Ние не сме Франција или Германија, мала земја сме и затоа мораме да си го бараме местото под сонцето. Одиме и преку платен простор во медиумите низ цел свет, на директни рагзоворти кај претседатели на компании и сл.“, вели Груевски.
Груевски посочува дека сепак тоа што сме мала земја им нуди голема предност на инвеститорите во делот на приужање максимална помош и достапност од страна на македонските министри.
„ Тоа ги импресионира. И за најмал проблем да можат да ни се обратат. Среќен сум што успеавме да донесеме многу компании кои до пред да дојдат во земјава не знаеле дека постоиме како држава“, додава Груевски.
Како што најави премиерот Груевски, Владата продолжува со роуд шоуата, и тоа веќе во јуни, организирани од Фајненшл Тајмс со посета на три градови во Америка- Њујорк, Чикаго и Лос Ангелес, понатаму Сеул и Токио и роуд шоуа организирани од Форбс со посебна презентација во Њујорк Чикаго и Лондон.
2014 та ќе биде успешна година на полето на странски инвестиции.
Kако резултат на подобрувањетo на економската состојба во Европа во наредниот период се очекува неколку странски компании да ги објават одлуките за инвестирање во земјава.
“Сметам дека годинава ке биде позитивна и успешна од гледна точка на одлуките на странските компании кои треба да ја изберат Македонија како локација на своите нови капацитети. Процесот на одлучување и донесување на одлука на добар дел од компаниите со кои што сме во контакт и разговори треба да биде завршен во првата половина на годината, а би требало компаниите да започнат со градба на своите објекти до крајот на годината за да бидат функционални при крајот на идната година“ вели Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за индустриско технолошки развојни зони.
Лани во Македонија влегле 251,5 милиони евра странски инвестиции
Во Македонија лани се евидентирани 251,5 милиони евра странски инвестиции што е 3,5 пати повеќе во однос на 2012 година кога беа регистрирани 72 милиона евра, објави денеска Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Според последните податоци за влез на странски капитал во државата, во декември минатата година се регистрирани 28,8 милиони евра странски инвестиции.
Од вкупната вредност на странските инвестиции, 147,7 милиони евра се акционерски капитал.
Извор: kurir.mkКако и поддршката што Владата ја дава на компаниите кои сакаат да инвестираат, се дел од предностите кои владините министри заедно со премиерот Ник