СТРАШНА ИСПОВЕД НА СОЦИЈАЛНА РАБОТНИЧКА: Отидов во Сирија и им се придружив на ИСИС, а потоа…

На Софи Касики и се наполниле очите со солзи кога видела фотографија од мало момченце кое повикува на крв и убивање во името на ИСИС. Тоа можеше да биде и мојот син, се зборовите на девојката која се спасила од пеколот.Софи Касаки е една од ретките жени од Западот која била во сирискиот град Рака, главен град на Исламската држава, а успеала да се врати на безбедно и да ја раскаже својата приказна во книгата “Во ноќите на ИСИС”.
За Guardian, во своето прво интервју по враќањето, ги открила работите низ кои минала со својот 4-годишен син во пеколот на ИСИС.
„Чувствував огромна вина. Се прашував самата себе како можам да продолжам да живеам знаејќи дека го одведов сопствениот син во Сирија. Ги мразев оние кои ме изманипулираа, ја искористија мојата наивност и несигурност. Се мразев и самата себе”, рекла 34-годишната Софи, која не сакала да го открие своето вистинско име поради страв од одмазда на ИСИС.
Софи е родена во Конго и воспитана во католичко семејство. На возраст од 9 години, по смртта на нејзината мајка, со постарата сестра заминала да живее во Париз. Смртта на жената која секогаш ја нарекувала свој „ангел чувар” во неа предизвикала длабока депресија која го обележала остатокот од нејзиниот живот.
Додека како социјална работничка им помагала на семејствата на мигрантите, Касаки одлучила да го прифати исламот и тоа да го сокрие од својот сопруг атеист. Нејзината нова вера ѝ пружила краткотрајна утеха. Набрзо запознала тројца муслимани, десет години помлади од неа, кои ги нарекувала “Les Petits” или малечки, и ги прифатила како помлади браќа.
Беа свесни дека сум несигурна
Во септември 2014. година тие три момчиња исчезнале, за наскоро да се појават во Сирија, од каде секојдневно комуницирале со Софи. Се обидела да ги убеди да се вратат, објаснувајќи им дека им недостасуваат на своите семејства, но набрзо улогите се промениле.
“Мислев дека ја контролирам ситуацијата, но набрзо сфатив дека веројатно се обучени да регрутираат луѓе како мене. Малку по малку ја искористуваат мојата слабост. Знаеја дека сум сираче и дека го прифатив исламот, знаеја колку сум несигурна”, вели Софи.
Во февруари мината година на својот сопруг му кажала дека поради работата мора да отпатува во сиропиталиште во Истанбул на неколку седмици и со себе го повела и нивниот син. Наместо во Истанбул, заминала на добро познатата џихадистичка рута, преку југот на Турција до Сирија.
Кога пристигнала во Рака сфатила дека нејзиниот секојдневен живот ќе биде поразличен од тој на кој што навикнала. И било наредено никаде да не излегува сама, а на џихадистите кои ја покриле од глава до пети им го предала својот пасош. Исто така, тие ѝ ја ограничиле комуникацијата со семејството во Франција.
Работела во породилиште каде останала во шок кога ги видела страшните услови во кои раѓале жените и негрижата од вработените за патењето на пациентите. Станот во кој живеела бил напуштен од сопствениците. Се чувствувала парализирана додека ги гледала семејните фотографии кои ѝ ги праќал нејзиниот сопруг преку мејл, сфаќајќи дека направила огромна грешка.
„Ги молев да ме пуштат да се вратам дома. Им кажав дека ми недостасува моето семејство и дека мојот син мора да го види својот татко. Ми кажаа дека жена сама со дете не може да оди никаде и дека ќе ме убијат или каменуваат доколку се обидам да побегнам. Стравував дека некој ќе дојде и ќе ме одведе во затвор, а дека син ми ќе мора да го оставам со нив”, вели Софи.

 

Тргни ги рацете од мојот син
Кога еден Французин се обидел да го одведе нејзиниот син на молитва во џамија, нешто во неа пукнало.
„Тргни ги рацете од мојот син”, му рекла Софи, по што мажот ја удрил во лицето.
“Бев сама во непознат град каде не познавам никого и не го знаев јазикот. Го погледнав својот син и знаев дека ја направив најголемата грешка во својот живот. Знаев дека морам да бидам силна и да направам сè за да го извлечам”, вели Софи.
Французинот ги одвел Софи и нејзиниот син во „мадафу”, гостинска соба која всушност била затвор. Таму ја очекувал нов шок кога видела деца кои гледаат снимки од ликвидации на ИСИС, додека нивните мајки гласно одобрувале и аплаудирале.
“Тие жени во борците на ИСИС ги виделе своите принцови на бели коњи, некој моќен и силен кој ќе ги заштити. Од тој затвор можеше да се излезе доколку се омажите со некој од борците. Жените од Западот служеа единствено за да раѓаат деца”, вели Софи.
Следниот ден открила дека за неа договарале венчавка, па кога видела дека вратата е отклучена, заедно со својот син побегнала од затворот. Во својот дом ги примило едно семејство, кое го ставило и својот живот на коцка.
Ноќта на 24. февруари 2015. година, еден млад Сириец со мотор ги пренел Софи и нејзиниот син до границата со Турција. Доколку ги фателе на контролните точки, сите тројца ќе биле погубени.
Во Париз, Касаки била испрашана од француските разузнавачки служби, и минала два месеци во затвор без никаков контакт со своето семејство. Денес е повторно со сопругот, но сè товари за киднапирање на својот син.
Како се случи ова?
„Се прашував како ова се случи, како можев да направам такво нешто. Бев наивна, збунета, ранлива, но како тие обични, не претерано паметни деца беа доволно интелегентни за да ми го исперат мозокот? Се уште тоа се прашувам.“
Касаки знае дека имала среќа што побегнала, што нема да го доживеат многу девојки од Западот кои се во рацете на ИСИС.
Фотографија од синот
„Откако се вратила во Франција, сопругот и покажал фотографија која му ја испратила Исламската држава, а која го прикажува нивниот син како позира со автоматска пушка“.
– Прв пат кога го видов тоа ми се згади. Засекогаш ќе се чувствувам лошо бидејќи го одведов својот син во таа ноќна мора, но морам да бидам силна и да продолжам со животот. Најтешкиот дел е готов, побегнавме и живи сме.
– Сега мојата цел е да ги спречам другите луѓе да не се даваат и да не се одвлечкаат во овој хорор. Што да кажам? НЕ ОДЕТЕ! – заклучува Софи Касаки. Софи Касаки е една од ретките жени од Западот која била во сирискиот град Рака, главен град на Исламската држава, а успеала да се врати на безбедно

Пронајдете не на следниве мрежи: